Connect with us

Македонија

“На овој ден ја славиме херојската борба на борците за слободa на нашата држава” Африм Гаши го честита Денот на народното востание

Published

on

Претседателот на собранието, Африм Гаши го честита 11 Октомври

Во име на пратениците и во мое лично име ви го честитам 11 Октомври – Денот на народното востание.

На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес.

Денес, Република Северна Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба – денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Северна Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас.

Македонија

Орце Ѓорѓиевски добитник на наградата за поддржувач на музиката, културата и спортот во Македонија

Published

on

Скопје, 16 октомври – Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, е добитник на наградата за најголем поддржувач на музиката, културата и спортот во Македонија, што му беше доделена од страна на естрадниот магазин Backstage Macedonia. По повод ова признание, Ѓорѓиевски им се заблагодари на организаторите и на своите поддржувачи.

„Сакам од срце да им се заблагодарам на Бекстејџ за ова високо признание, на сите вас кои сте моја поддршка, на цело Скопје и Македонија,“ изјави Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи. „Кога човек има шанса дадена од народот, прави сѐ за да остави дела позади себе по кои ќе го паметат.“

Ѓорѓиевски нагласи дека како градоначалник се залага за создавање услови во кои младите музичари, спортисти и уметници ќе можат да творат и да напредуваат во Македонија. „Мој приоритет е да ги задржиме тука, дома, за да се развиваат во своите кариери,“ потенцира тој.

Наградата ја посвети на своето семејство, истакнувајќи ја поддршката од својата сопруга и син, кои му се најголем извор на инспирација во неговата работа. „Ова што го правам го правам за нив, но и за моите сограѓани.“

Во завршницата на својата порака, Ѓорѓиевски упати честитки до екипата на Backstage Macedonia за нивниот 17-ти роденден, посакувајќи им уште многу успешни години во македонскиот медиумски простор. „Продолжете да го правите тоа што најдобро го знаете – да бидете најдобри,“ порача тој.

Backstage Macedonia е еден од водечките естрадни магазини во земјата, со долгогодишна традиција и влијание во промоцијата на македонската музичка и културна сцена.

Continue Reading

Македонија

Зајакнување на правната поддршка и ефикасноста во спроведување на пресудите на ЕСЧП преку партнерство со Советот на Европа

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со директорот на директоратот за програмска соработка на Советот на Европа, Клаус Нојкирх, и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.

На средбата се разговарало за заедничките активности меѓу Министерството за правда и Советот на Европа, со посебен акцент на соработката во областа на бесплатната правна помош и извршувањето на пресудите на ЕСЧП. Оваа интензивна соработка продолжува и понатаму, и е од исклучителна важност за Министерството за правда.

Continue Reading

Македонија

Средба на министерката Божиновска со евроамбасадорот Михалис Рокас

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас .

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас и со Александру Албу, прв сектретар и раководител на Оператива 2 во Европската делегација во Скопје, на која биле разгледани клучни аспекти на имплементацијата на новите закони за енергетика и за обновливи извори на енергија во Република Македонија. Средбата се одржа во контекст на зголемените напори за зајакнување на зелената транзиција и усогласување со европските стандарди.

– Во фокусот на дискусијата беа два нови закони, кои се од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор во земјата. Законот за енергетика и Законот за обновливи извори на енергија имаат за цел да создадат стабилна и одржлива правна рамка за инвестиции во обновливи извори и да ја зголемат енергетската ефикасност, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Министерката Божиновска истакнала дека овие закони не само што ќе помогнат во диверзификација на енергетските извори, туку и ќе ги поддржат домашните и странските инвеститори.

Се дискутирало и за важноста на воведувањето на механизми како што е ЦБАМ (Carbon Border Adjustment Mechanism), кои се од круцијално значење за заштита на домашните производители и промоција на одржливи пракси.

Како што истакнал амбасадорот Рокас, ЦБАМ ќе обезбеди фер конкурентност за европските компании во однос на оние од трети земји, создавајќи позитивни ефекти за економијата на Македонија и целокупниот ЕУ ЕТС (Европскиот систем за трговија со емисии).

– Поддршката од Европската унија е клучна за зајакнување на капацитетите во полето на енергетиката и за успешна зелена транзиција. Наша цел е да создадеме фер и еднакви можности за сите инвеститори, посебно во секторот на обновливата енергија, изјавила министерката Божиновска.

На средбата била потврдена и спремноста на Европската унија да продолжи да ја поддржува Македонија во нејзините напори за трансформација на енергетскиот сектор и усогласување со европските регулативи. Исто така, биле разгледани и можностите за техничка помош и финансирање на проекти поврзани со обновливите извори, што е од особено значење за реализација на амбициозните цели за намалување на емисиите и зголемување на уделот на обновливи извори во енергетската структура на земјата.

Министерката Божиновска и амбасадорот Рокас изразиле оптимизам за идниот развој на енергетскиот сектор во Македонија и потенцирале дека соработката помеѓу земјата и ЕУ е од суштинско значење за постигнување на заедничките цели во областа на климатските промени и одржливиот развој.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк