Што криеше Скопјанката на „Илинденска“ во Тетово по полноќ?

На 11.10.24 во 00.05 часот на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Л.Е.(24) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.