Connect with us

Македонија

Вработени на МВР убедувале граѓанин од турска етничка припадност да земе пасош на друг јазик бидејќи немале обрасци на турски

Граѓанин од Врапчиште од турска етничка припадност бил убедуван од страна на вработени МВР-Гостивар да аплицира за пасош на друг јазик бидејќи немале обрасци на Турски јазик. Бидејќи човекот требало итно да патува, бил принуден да прифати пасош на друг јазик, се наведува во кварталниот извештај на Комисијата за спречување од дискриминација објавен вчера

Комисијата за спречување на дискриминација утврдила директна дискриминација врз основа на етничка припадност и јазик.

„Се утврдува директна дискриминација врз основа на етничка припадност и јазик врз граѓанин од Врапчиште во процес на издавање лични документи, сторена од страна на Министерството за внатрешни работи. Се утврдува и директна продолжена дискриминација врз основа на етничка припадност и јазик врз граѓаните на Република Северна Македонија од турска етничка припадност во процесот на издавање лични документи, сторена од страна на Министерството за внатрешни работи“, стои во одлуката на Комисијата.

Но ова не било единствен случај граѓани од турска етничка припадност да не можеле да извадат лични документи на мајчиниот јазик. Подносителот во прилог на преставката доставил и изјави на 13 граѓани од турска етничка припадност, кои во прериодот од 5 јануари до 20 март годинава не им биле примени барања за издавање лични документи на македонски и турски јазик во подрачната единици на МВР во Гостивар заради недостиг на обрасци на турски јазик.

КСЗД вели дека е несомнено оти МВР издало двојазични пасоши за споменатиот период, но во ниту еден момент за поднесените претставки не дава одговор и аргументација за одбивањето на граѓаните од турска етничка припадност да поднесат барања за издавање патни исправи на македонски и турски јазик во периодот од јануари до април 2024, ниту пак во споменатите поднесоци дава аргументација за посочениот недостаток на обрасци на турски јазик.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација препорачува МВР да изврши набавка на доволен број обрасци на турски јазик за издавање лични карти, возачки дозволи и пасоши на турски јазик, со цел непречено и континуирано постапување по барањата и издавање на документи на на турски јазик, во рок од 90 дена од приемот на мислењето и препораката, и за тоа писмено да ја извести Комисијата.

Се препорачува МВР континуирано и непречено да ги прима и да постапува по барањата на граѓаните за издавање на лични документи на други јазици, согласно Законот за употреба на јазиците.

Се препорачува МВР во иднина во плановите за јавни набавки прецизно да го дефинира бројот на потребните обрасци за издавање лични документи на други јазици, со цел непречено и континуирано издавање на личните документи согласно член 12 и член 14 од Законот за употреба на јазиците, а во насока на превенција од дискриминација врз основа на етничка припадност и јазик.

Advertisement

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг