Connect with us

Македонија

Дрога и оружје најдени за време на претрес во Липково, приведени две лица

Published

on

Како што соопшти МВР, по претресот приведени се Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од селото Никуштак.

„При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки“, соопшти МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава. Од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

Македонија

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра обвинителите од СЈО – Нема епилог дали некој ќе понесе кривична одговорност

Published

on

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту ги оправдаа фрапантните бонуси. Катица Јанева и нејзините чарлиеви ангели земаа милионски надоместоци за доверливост, објави ТВ Алфа.

Шефицата Јанева неколку години земаше плата и 4000 евра месечно само за да молчи за прислушкувањата. Околу 100 илјади евра се офајдија и Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, дознава Алфа.

Слични бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 85 илјади евра.

После неколку години топката почна да се одмотува.

Имено, вишиот обвинител Јово Цветановски кој одлучи Организиран криминал да продолжи да истражува, заработи дисциплинска постапка, а му се заканува уште една. Симптоматично, истиот ден кога ја донесе одлуката, државниот обвинител Коцевски го прати на дисциплинска поради резултатите од ревизијата во Вишото обвинителство. Цветановски, тврди дека дисциплинската е незаконска.

Во јавноста подолго време отворено се зборува дека државниот обвинител вршел притисоци за одлуката за бонусите на СЈО.

Continue Reading

Македонија

Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Published

on

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.

Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.

„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Continue Reading

Македонија

Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

Published

on

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Воедно десет лица се лишени од слобода.

Операцијата се надоврзува на претходната операција од август минатата година спроведена од ОЈО Скопје и косовското Специјално обвинителство, кога беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите, а во Косово беше уапсен македонски државјанин кој ги произведувал и пуштал во оптек.

Денешната операција во целост е поддржана од ЕВРОПОЛ и од Проектот на ЕВРОПРАВДА за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за реализација. Истовремено, во денешната акција во РСрбија се извршени претреси на повеќе локации во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица и притоа се приведени шест членови од криминалната група, а запленети се 180 000 фалсификувани банкноти – евра.

Со подетални информации јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка, информираат од ЈО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк