Connect with us

Македонија

Меџити се обрати на балкански самит за влијанието на вештачка интелигенција во модерното време

Published

on

Во Скопје денеска се одржа балкански самит „World Changers Balkan Summit“, на тема влијанието на вештачката интелигенција во модерното време. На самитот учествуваа министерите за животна средина и просторно планирање и за здравство, Изет Меџити и Арбен Таравари, поранешниот албански претседател Илир Мета, потпретседателот на Собранието на Косово Енвер Хоџај, како и дипломати и професори од универзитети.

За време на самитот, Меџити потенцираше дека визијата за напредокот на Македонија се заснова на јасен пат кој обезбедува одржлив развој, во тесна соработка со образовните, академските и научните институции.

-Нашата земја мора да биде место во кој државните и јавните институции работат рамо до рамо со академската заедница, бидејќи само така можеме да бидеме сигурни дека секоја одлука ќе се заснова на докажани и научно проверени факти, одобрени со помош на стручни луѓе кои мислат и работат врз основа на објективни стандарди, рече Меџити.

Тој додаде дека нашето време се карактеризира од една страна со исклучително брз технолошки напредок, а од друга страна со глобални кризи кои бараат навремени и соодветни одговори.

Меџити појасни дека без разлика дали се работи за климатски промени, енергетски предизвици или преоптоварување на здравствените системи, одговорите на овие проблеми мора да се засноваат на науката.

Како што рече, политиките засновани на наука ни овозможуваат да ги интегрираме потребите на државата и да ги приспособиме на глобалните трендови.

-Не можеме да зборуваме за одржлив развој без да ја споменеме енергетската криза која го тресе целиот свет, вклучително и нашата земја. Мораме заедно со вас, претставници на научната и академската заедница, да тргнеме кон истражување и имплементација на најсовремените решенија во Македонија. Инвестирањето во обновливите извори на енергија, одржувањето на енергетскиот биланс, инвестирањето во енергетската ефикасност се предизвик за секоја земја која сериозно размислува за својата иднина, рече Меџити.

Како што напомена, Владата работи на европски компаративни модели што ќе значат сериозни проекти за надминување на еколошкиот јаз што Македонија го има во однос на Европската Унија.

Македонија

Турција: Уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу

Published

on

Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Обвинителството на Истанбул.

Во рамките на истрагата издадени се налози за апсења на 53 лица во Истанбул и во Анката, а уапсени се 47 луѓе, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка на терористичка организација. На 23 март, судот нареди негово трајно апсење, а истиот ден, на внатрешните избори, опозициската Републиканска народна партија го предложи за претседателски кандидат на следните избори, што треба да се одржат во 2028 година.

Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести во поголемите градови во Турција, кои доведоа до судири со полицијата и стотици приведени, вклучително и новинари.

Continue Reading

Македонија

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Published

on

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер.

Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени.

Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.

Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Сепак, од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Continue Reading

Македонија

Скандал! Откриени злоупотреби на државно земјиште на над 2000 хектари – истрагата се шири!

Published

on

Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп.

– Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае, рече Трипуновски.

Државата продолжува со распределба под концесија на државното земјоделско земјиште, кое вистинските земјоделци ќе го обработуваат и ќе произведуваат.

-Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец, рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Прилеп.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк