Мицкоски: Денес зголемување на платите во образованието

По денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), постигнат е договор за итно зголемување од 5 отсто на платите во основното и средното образование, со тенденција до крајот на мандатот на оваа влада тие да пораснат а 46 отсто од сегашната вредност.