Connect with us

Македонија

Повеќе градови и села ќе бидат утре (14.10.2024 понеделик) без струја

Published

on

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во документот во прилог. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) во листата во прилог.

Македонија

ДУИ ВО РАСПАД, им бегаат видни членови, а БУЈАР САКА ВО ТУРЦИЈА, пишува Република

Published

on

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера ја разгневи јавноста со изјавата која беше протолкувана дека Македонците зборуваат бугарски јазик. Вака некој треба да оди во Бугарија,а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја, изјави вчера Ахмети во Чашка.

Оваа изјава на Ахмети може да се толкува како обид за привлекување на внимание од страна на Ахмети, во ситуација кога ДУИ е дефакторизирана, а тоа најдобро се прави со изјави во кои се спомнуваат Македонците и проблемите што ги имаат со Бугарија во однос на јазнкот.

Како што брифираат добро упатени извори, во ДУИ во моментов владее една хаотична атмосфера, која уште повеќе се влошила по бегството на Артан Груби кој во позадина ги влечеше сите конци, и организациски и кадровски. Се говори и дека се случувало во партијата да нема кој да напише ниту дневно сооштение, пишува Република.

Сегашното раководство ни оддалеку нема капацитет да одговори на барањата на ДУИ како најголема опозициска партија, која до пред само седум месеци жареше и палеше во Македонија.

Соред Републикасе шушка и дека голем дел од видните членови на ДУИ веќе преминуваат во партиите од коалицијата Вреди. Еден од нив е довчерашниот портпарол на Владата Мухамед Хоџа кој наводно преминал во партијата на Изет Меџити, Демократско движење. 

„Република“ му испратиле порака на Хоџа дали навистина заминал од ДУИ, но не добиле одговор.

За заминување од Македонија наводно размислувал и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи, кој по професија е доктор сакал својата кариера да ја продолжи на некоја од клиниките во Турција.

Continue Reading

Македонија

Џип од 60.000 евра сопственост од Министерството на Артан Груби, сега личи на „оскубена кокошка“

Published

on

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во изјава за медиумите кажа дека се откриени нови злоупотреби со имотот на Министерството.

Тој посочи дека возило џип марка „бмв, вредно околу 60.000 евра било најдено во многу лоша состојба во сервис за поправка, каде од него биле вадени делови и тие биле користени за потребите на сервисот.

– Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена, а тоа е возилото џипот „бмв“, кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправка на возилото. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип вреди 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „оскубена кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил да биде оставен на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него – рече Стоилковиќ.

Тој вели дека е згрозен од начинот на кој се трошени не само средствата, но и како се управувало со ресурсите на Министерството.

– Возилото е оставено во сервис и не е подигнато. А, сервисот си постапувал согласно потребите кои му биле на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните претпоставувам приватни потреби. Тоа истрагата ќе го утврди, рече министерот на настан во Министерството по повод празникот на Србите „Свети Сава“.

Стоиљковиќ потенцира дека претходното раководство од касата на Министерството подигнало 37.000 евра кои, како што рече, никогаш не биле вратени и се без никакво образложение.

– Триесет и седум илјади евра државни пари од касата на Министерството се подигнати и никогаш не се вратени, без никакво образложение. Поднесено е до Финансиската полиција соодветна пријава. Очекуваме оттаму тоа што е работа на државните органи да си ја сработат. Очекуваме ад-хок ревизијата која ја спроведе Министерство за финансии да ви ги даде резултатите. Таму има најави за сериозни нарушувања на некакви правила и процедури во однос на трошењето на државните пари. За тоа се подготвуваме да дадеме информација на затворена седница на Владата и согласно одлуките и заклучоците кои ќе произлезат од затворената седница ќе ги доставиме тие наоди на ад-хок Државната ревизија до надлежните институции. Досега за она што е констатирано, за сето она за што имам дадено изјава во македонската јавност, е проследено до државни органи – рече Стоилковиќ.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Ве молам да се навикнете на Влада на која прв приоритет на претседателот му е македонското прашање

Published

on

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на грчкото МНР дека македонското прашање е затворено истакна дека тоа нема да биде затворено се додека не се реализират главните стратешки цели, односно полноправно членство во ЕУ.

-Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест па работи потсвеста. Фројд е чудна работа, но јас нема да навлегувам во таква дебата. Македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализират а тоа е полноправна членка на ЕУ, прво, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски понатаму појасни дека и во 21-иот век македонскиот идентитет е предизвикан, а Судот во СТразбур има донесено плејада пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед кои што не се почитуваат.

-Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада на пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед кои што не се почитуваат. Зборуваме за 21-иот век, зборуваме за членка на Европската унија која што не ги почитува човековите права на македонската заедница и тоа е нешто кое што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21-от век се уште е предизвикан македонскиот идентитет, појасни Мицкоски.

Мицкоски е дециден, македонското прашање не затворено и ќе се борам за истото додека ја извршувам улогата претседател на македонската Влада.

-Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако јас кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање се’ додека ја вршам оваа улога која што ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи тоа граѓаните го очекуват од човекот кој што ја предводи македонската Влада. Јас знам дека во минатото имало луѓе кои што ја предводеле македонската Влада, кои што македонското прашање воопшто не им било ниту меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на Влада на која што прв приоритет на претседателот на владата му е македонското прашање, дециден беше Мицкоски во одговорот на новинарското прашаање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк