Connect with us

Македонија

Приведен косовски државјанин поради шверц на разна стока

Published

on

На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони.
Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Македонија

17 години без Тоше

Published

on

На овој ден пред 17 години, Македонија и целиот Балкан го загубија Тоше Проески, една од најголемите музички икони. На 16 октомври 2007 година, во раните утрински часови, трагична сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска, го однесе животот на пејачот, кој имаше само 26 години. Неговото прерано заминување остави неизбришлива болка и празнина, која, и по 17 години, сè уште се чувствува во срцата на неговите фанови, пријатели, колеги, и неговото семејство.

Continue Reading

Македонија

Продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Published

on

Денеска во Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

На претходното рочиште сведочеше мајката на Вања, која кажа дека заедно со таткото Александар ја барале ќерката во една напуштена куќа на Партизанска. Исто така рече дека Александар веднаш се посомневал дека е киднапирана.

Continue Reading

Македонија

Над 35 полицајци и цариници се уапсени вечерва

Published

on

Во големата полициска акција уапсени се најмалку 35 полицајци и вработени во Царина. 

Акцијата се одвивале во градовите Гевгелија и Струмица а апсени се лица за кои постојат сомневање дека зеле мито и несовесно работеле во службата.

Повеќе инфомации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк