Connect with us

Македонија

Што ќе каже Венецијанската комисија за законот што треба да го замени балансерот?

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска обврска со контролни механизми. Вакво нешто недостасуваше до сега, а особено со „балансер“, за кој што знаеме дека беше многу злоупотребен и не овозможуваше правична застапеност, смета вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи.

Тој на денешната прес-конференција по повод 100-те дена нова Влада, одговорајќи на новинарско прашање дали се согласува Законот за правична застапеност да биде согласно препораките на Венецијанската комисија според барањето на премиерот, одговори дека е меѓународна пракса да се земе мислење од Венецијанската комисија.

Тој е на ставот дека замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања.

-Правичната застапеност е дел од Уставот. „Балансерот“ беше дигитална алатка која овозможуваше реализирање на годишните планови за вработување. Замрзнувањето на „балансерот“ е додека да најдеме ново законско решение. Ова нема да ги спречи вработувањата. Ќе има вработувања според уставното правило на правична застапеност, како што кажа и премиерот. За Законот за правична застапеност се зборуваше со години. Јас сум еден од оние кој во рамките на мојата партија Алијанса за Албанците го изготви овој предлог закон со меѓународни експерти, рече Фетаи.

Тој додаде дека Венецијанската комисија е механизам кој ни овозможува да донесеме решение кое ќе се вклопува со меѓународните практики на Советот на Европа. Исто така, потенцираше дека процесот на донесување на Законот ќе биде транспарентен, ќе се вклучат експерти, граѓани, цивилното општество.

Меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија. За овој закон се зборуваше со години наназад. Законот доцни 22 години. Требаше да се донесе во моментот кога го усвоивме амандманот 6 од Уставот. Но, важно е процесот да почне. Ќе бидат вклучени експерти, граѓани, цивилното општество, како и медиуми. Процесот ќе биде транспарентен, и секој ќе има можност да даде свое мислење, со цел да се најде најдоброто законско решение за реализирање на уставното право, додаде Фетаи.

Прашан дали постои временска рамка кога би се донел Законот за правична застапеност, Фетаи рече дека не може да зборува за датуми, но постои политичка волја за да се почне процесот. Според него, најдобриот начин е Законот да донесе во Собранието со консензус.

На новинарско прашање дали ги слуша препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Фетаи одговори дека ја поддржуваат работата на оваа институција, ги прифаќаат нивните извештаи и ги следат нивните препораки.

Јас имам постојани контакти со членови на Антикорупцијата. Активно учествуваме во изготвување на новиот Закон против корупцијата и политички ја поддржуваме работата на оваа институција. Се разбира, ги прифаќаме нивните извештаи и ги следиме нивните препораки. Како вицепремиер и како дел од коалицијата, можам да кажам дека сите сме заинтересирани да докажеме дека нашата влада е реформска, посветена на владеење на правото и на борбата против корупцијата. Ќе видите дека за првпат ќе има промена околу пристапот на финансирање на институциите против корупцијата. Какво Влада заинтересирани сме да инвестираме повеќе буџетски ресурси во сите антикорупциски институции, додаде Фетаи

Advertisement

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг