Connect with us

Македонија

Царината конечно почна да функционира: Заплените зголемини за 60%

Published

on

Царинската управа по промената на власта за три месеци остварила приходи од речиси 600 милиони евра, односно за 9% или 48 милиони евра повеќе во споредба со истито период лани.

Царинската управа по промената на власта за три месеци остварила приходи од речиси 600 милиони евра, односно за 9% или 48 милиони евра повеќе во споредба со истито период лани, информираше директорот Бобан Николовски на прес-конференцијата по повод 100-те дена влада.

За понатамошен успех, како што најави тој, во иднина приоритет ќе биде бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата, односно менување на свеста кај цариниците од кои ќе се бара интегритет и почитување на униформата, бидејќи, како што кажа, приходите кои ги носи управата се клучни за државниот буџет.

-Првиот месец, од преземањето функцијата директор, јули 24-та година е одбележан како месец во кој царинската управа има рекордна наплата, гледано на месечно ниво од близу 12 милијарди денари, наплата што претставува најголем износ од постоењето на царинската управа. Важно е да се истакне дека учеството на царинската управа во вкупните приходи од буџетот на државата е 41%, а ако го издвоиме учеството во даночните приходи уделот на царинската управа е 73% кои се остваруваат преку приходите во наша надлежност. –Бобан Николовски – Директор на Царинска управа.

На граничните терминали во меѓувреме е поставен систем за видео надзор со висока интелигенција, кој автоматски ќе препознава регистарски таблички, па согласно националните и меѓународни податоци ќе означува возила поврзани со организиран криминал и со трговија на луѓе, како и шверц и други нелегални активности. воедно тој ќе овозможи и следење на царинските објекти, помагајќи да се открие сомнително однесување, вели Лакордов – директор на секторот за контрола и истраги

-Интегрираниот систем за видео надзор, треба да гарантира дека царинските службеници ги извршуваат своите должности професионално и етички, помагајќи да се спречи корупција, недолично однесување или злоупотреба на должноста. Снимките може да се споделуваат и со други агенции за спроведување на законот за помогнат во пошироки истраги и правни постапки- Влатко Лакордов – Директор на сектор за контрола и истраги.

Според денеска презентираните податоци на царинската управа, во изминатите три месеци за 60% е зголемен бројот на заплени, меѓу кои ги посочија, спречување на шверц на цигари, одземање на златен и сребрен накит, девизи во вредност од над 100.000 евра, како и голема количина на дрога и лекови.

Македонија

Петар Богојески избран за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Published

on

Почитувани пријатели, почитувани сограѓани, почитувана јавност,

Со особена чест и чувство на одговорност ве информирам дека ја примив Одлуката од страна на стручниот Управен одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која на Јавен повик сум избран на позицијата директор на оваа важна национална институција. Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми.

Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.

Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска.

Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите.

Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција.

Со почит,
д-р Петар Богојески

Continue Reading

Македонија

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично дело.

Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши.

Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.

По неколку дена добила повик од второосомничениот, кој и закажал средба со директорот на Установата на 19.03.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје.

На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка.

На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра.

Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Continue Reading

Македонија

Акција на Финансиската полиција – осомничена е братучетка на Спасовски

Published

on

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма „Пин Петрол“. Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.

Според информациите кои ги добиваме од акцијата приведена е Габриела Спасовска Крстевска, која инаку е роднина и братучетка на екс првиот човек на полицијата Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.

Се очекува повеќе информации во текот на денот.

Извор: 24инфо

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк