Connect with us

Македонија

Детали од сведочењето на мајката на Вања

Published

on

На прашањето зошто му го дала станот на поранешниот сопруг Александар, Зорица рече дека тој барал еден стан да биде на негово име, за ако некому од нив нешто им се случело, становите да останеле за децата. Во 2018 година Зорица му го префрлила станот на улица Наум Наумовски Борче бр. 87, од каде што беше грабната Вања, на Александар.

Зорица Ѓорчевска денеска пред судот рече дека не ги познава обвинетите за свирепото убиство на нејзината 14-годишна ќерка Вања што се случи лани во ноември.

Таа го почна своето сведочење објаснувајќи каде живееле и како го поделиле имотот со поранешниот сопруг Александар.

– Настанот се случи на улица Наум Наумовски Борче бр. 87, два месеци живеевме во тој стан, од 10 септември. Претходно живеев во стан на улица Славе Деловски, кој беше моја сопственост. Станот на Наумовски Борче во моментот беше на Александар, претходно беше мој, татко ми ми го препиша – рече Зорица Ѓорчевска.

На прашањето зошто му го дала станот на Александар, Зорица рече дека не може да каже конкретно.

– Јас имав два стана, тој бараше еден да биде на негово име, за ако некому од нас нешто му се случи, да останат за децата. Во 2018 година станот му го префрлив на Александар. Потоа децата сакаа да живеат во тој стан и јас како старател побарав станот да се префрли на име на децата. Постапката почна, едниот стан на едното дете, другиот на другото дете. Нотарската заверка никогаш не беше завршена, тој се повлекуваше, ретерираше. Кога се преселивме, јас инсистирав да се доврши постапката. Јас го користев станот, почнав да го уредувам, да го преградувам, нарачавме мебел и се преселивме на 10 септември. Претходно беше даден под кирија, а киријата ја земаше Александар – рече Ѓорчевска.

Таа додаде дека во нејзина сопственост има станови во Капиштец и во Аеродром, како и мал стан во Охрид, кои ги наследила од нејзините родители.

Зорица рече додаде дека имала стан од 80 квадрати на улица Бојмија во Скопје, кој го продала за 83.000 евра. Со парите затворила минуси на картички и си купила возило, дел од парите ги орочила и реновирала друг стан.

Зорица рече дека ѝ било познато дека зградата на наум Наумовски Борче била во сопственост на фирмата „Упа ентерпрајз“.

Македонија

Извлечено возилото од Вардар: Пронајдени тела на три лица, потрагата по четвртото продолжува

Published

on

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека автомобилот кој излета во Вардар е извлечен. Во него биле пронајдени тела на три лица.

-Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, велат од ЦУК.

Во автомобилот било и четиригодишно дете кое е спасено од случајни минувачи и е пренесено во клиниката за детска хирургија.

Continue Reading

Македонија

Хорор во Блок 70: Татко си го убил сопствениот син

Published

on

Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми.

Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.

Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. 

Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Убиство во Тетово – татко го застрелал синот со ловечка пушка

Published

on

Семејна трагедија вечерва ги потресе жителите на Тетово – татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21.

На местото на злосторството, во населбата Блок 70, вечерва пристигнала полицијата, која го пронашла оружјето со кое е извршен насилниот чин.

Според првичните информации кои ги објави телевизијата, таткото два дена не излегувал од станот и полицијата се сомнева дека убиството е извршено пред два дена. Осомничениот е однесен во болница поради неговата психичка состојба.

Засега нема информации за мотивот за убиството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк