Connect with us

Македонија

Ќе се заживува запуштеното Скопско Кале, Љутков вели дека во план е само музеј, не и црква

Published

on

Министерот за култура и туризам Зоран Лутков најави реализација на неколку значајни проекти за наредната година, меѓу кои и ревитализација на Скопско Кале, кое е запуштено од 2011, кога по масовната тепачка поради изградбата на црква, беше затворено за посетители.

Љутков рече дека за ревитализацијата е формирана комисија, а обезбедени се и пари за Управата за заштита на културното наследство.

На прашањето дали ќе се обнови и делот од Скопско Кале каде пред 13 години имаше меѓуетнички судири, Љутков рече дека случувањата во минатото биле политички. Тој увери дека на тоа место ќе има само музеј, а не и црква.

Македонија

Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Делумно се во право граѓаните кога велат дека системот е виновен

Published

on

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на загинатата 22-годишна Фросина Кулакова.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на загинатата 22-годишна Фросина Кулакова.

„Длабоко сочувство до семејството и блиските роднини на секга покојното девојче, навистина се работи за изгубен млад живот кој не може да се надомести со никаква казна. Јавното обвинителство ќе постапи согласно законските одредби, ќе биде транспарентно во оваа постапка, ќе знаат граѓаните како ќе се одвива и во која насока ќе одат доказите“, вели Коцевски.

Како што вели, граѓаните делумно се во право кога велат дека системот е виновен.

„Дел сте во право затоа што и дел од законските одредби се такви што само ЈО, па и судот може да применат закон таков како што постои. Со измените на Кривичниот законик се воведе и ново кривично дело, безобзирно возење, меѓутоа не се избриша одредбата од прекршочната постапка, каде што исто така дел од дејствијата што се во тоа кривично дело опфатени се и во законот за прекршоци. Во случај на пречекорување на брзината на возење, полицијата откако ќе утврди може да поднесе Прекршочна постапка и таа постапка оди директно во Судот, што значи дека елементите на кривичното дело се опфатени и во ова, и тука треба праксата да се воедничи“, додава Коцевски.

Continue Reading

Македонија

Љутков: Зголемен буџет и транспарентност во поддршката на културата

Published

on

Министерството за култура и туризам, предводено од министерот Зоран Љутков, ја зацврстува својата посветеност кон развојот на културата и уметноста, што е евидентно со зголемувањето на буџетот за 2025 година на 814 милиони денари – 74 милиони повеќе од минатата година.

Поддршка за 1,365 проекти

Од вкупно 2,888 пријавени проекти на Годишните конкурси, финансиска поддршка добија 1,365, што претставува значаен чекор кон развој на културните активности во земјата.

Транспарентност во евалуацијата

Министерството постави високи стандарди за транспарентност, со однапред утврдени критериуми за оценување на проектите и именување на стручни комисии, со што се гарантира праведна распределба на средствата.

Зголемување на буџетските програми

Буџетските средства за културни дејности се значително зголемени:

• Драмската дејност доби 40% повеќе средства,

• Библиотечната, меѓународната и програмите за заштита на аудиовизуелните добра се зголемени за 30%,

• Визуелните уметности, архитектурата и издавачката дејност за 25%.

Фокус на националните установи и инфраструктурата

Министерството посветува особено внимание на финансиските потреби на националните установи, со цел збогатување на нивните програмски содржини. Покрај тоа, во тек се инвестиции во изградба и реконструкција на културни институции низ земјата.

Заштита на културното наследство и поддршка за младите уметници

Спроведена е детална анализа на состојбите во заштитата на културното наследство, со планови за капитални проекти во наредните години. Дополнително, оваа година се посветува посебно внимание на младите уметници, преку финансиска поддршка за различни музички жанрови и уметнички проекти.

Меѓународна соработка и поддршка на регионалната култура

Министерството активно работи на промоција на македонската култура во странство, особено во земјите кои се во фокусот на надворешната политика на Македонија. Исто така, поддржани се иницијативи за развој на културните активности во помалку развиените региони.

Поврзување со дијаспората

Како дел од новата стратегија, Министерството започна активности за унапредување на соработката со македонската дијаспора, со цел зачувување и промоција на македонската култура во земјите со голем број иселеници.

„Зголемувањето на буџетот и транспарентноста во распределбата на средствата се чекори кои гарантираат вистинска поддршка за културата. Нашата визија е да создадеме стабилен и квалитетен културен амбиент, кој ќе им овозможи на уметниците да творат, а на граѓаните да уживаат во богати културни содржини,“ изјави министерот Љутков.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Во Битола ќе се градат три спортски сали

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, најави значајни проекти за развој на спортската инфраструктура во општината, со што ќе се подобрат условите за спорт и рекреација на учениците и младите.

Во рамки на овие активности, оваа недела започнува реконструкцијата на спортската сала во село Бистрица, каде што ќе се изврши целосна обнова на кровната конструкција и внатрешното уредување. Проектот предвидува мултифункционален простор со можност за користење како спортска сала и гледалиште за културни манифестации, со вкупна инвестиција од 37,6 милиони денари.

Покрај ова, Коњановски одржа работни средби со директорите на основните училишта „Стив Наумов“ од Битола и ПУ „Даме Груев“ од Долно Оризари, каде што ќе се градат две типски спортски сали со површина од 660 м². За овие проекти се веќе изработени урбанистички и градежни документи, а наскоро се очекува и издавање на соодветни одобренија за градење.

„Со овие проекти, но и со реконструкцијата на девет спортски игралишта низ општината, вложуваме во спортот, здравите навики и развојот на младите. Нашата визија е Битола да стане град кој ќе нуди современи услови за спорт и рекреација на сите генерации,“ истакна Коњановски.

Општина Битола продолжува со вложувањата во спортот, образованието и инфраструктурата, со цел создавање подобри услови за живот на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк