Божиновска: Министерството е посветено на инвестиции во обновливи извори на енергија и на целосната гасификација на земјата

Сања Божиновска како панелист на настанот за презентација на резултатите од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, имав можност да ги споделам нашите активности и приоритети за енергетска транзиција. Министерството е посветено на инвестиции во обновливи извори на енергија и на целосната гасификација на земјата. Нашата цел е да го намалиме загадувањето и да ги поставиме основите за сигурен и одржлив енергетски систем, кој ќе ги задоволи потребите на нашите граѓани и индустријата, а воедно ќе ја заштити животната средина.

Со проширување на капацитетите за обновлива енергија, како што се фотонапонските електрани и ветерните паркови, како и со гасни интерконектори со соседните земји, значително го зајакнуваме енергетскиот потенцијал на Македонија. Во процесот на зелена транзиција, од особено значење е и целосната гасификација на државата, која ќе придонесе за намалување на емисиите на јаглерод и ќе овозможи поефикасно и еколошко производство на енергија. Ова се крупни чекори кон постигнување на енергетската независност на нашата земја.