Connect with us

Македонија

Изет Меџити: Единствена алтернатива се ЕУ и НАТО

Published

on

Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити во емисијата ЗООМ на јавниот сервис МТВ и честиташе на Албанија за отворањето на првото поглавје за членство во ЕУ. Во меѓувреме, Меџити увери дека единствената алтернатива на земјата се ЕУ и НАТО.

„Ние како Албанци заедно со нашите стратешки партнери и коалициониот партнер во Владата работиме на одобрување на уставните измени. Оптимисти сме дека ќе се најде решение. Единствена алтернатива се ЕУ и НАТО, бидејќи само тоа гарантира стабилност и благосостојба во државата“, рече Меџити.

Запрашан за барањето на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ВЛЕН да си замине од владата, првиот вицепремиер на Владата Изет Меџити истакна дека тоа е нивен сон да станат дел од владата, а не за унапредување на националното прашање.

Македонија

Над 35 полицајци и цариници се уапсени вечерва

Published

on

Во големата полициска акција уапсени се најмалку 35 полицајци и вработени во Царина. 

Акцијата се одвивале во градовите Гевгелија и Струмица а апсени се лица за кои постојат сомневање дека зеле мито и несовесно работеле во службата.

Повеќе инфомации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Continue Reading

Македонија

Сите за правично судење: Загрижувачки е изборот на директор на Академијата за судии

Published

on

Постапката за изборот на Ирина Трајкоска Стрезоски за директор на Академијата за судии и јавни обвинители е загрижувачки, смета коалицијата за правично судење. Гласањето на членовите на Управниот одбор не било јавно ниту пак образложено..

„Статутот на академијата налага одлуките, УО да ги носи со јавно гласање. Поентата е дека во судскиот систем образложенијата на одлуките се она што е клучно за целиот систем и она што е практично главниот фактор кој влијае и ја креира довербата на граѓаните  во судскиот систем“, изјави Дарко Костадиновски, Директор на Коалиција „Сите за правично судење“.

На лист со имињата на седуммината кандидати и тајно заокружување во текот на вчерашниот ден беше спроведен изборот за прв човек на институцијата која продуцира судии и обвинители.. По сумирање на резултатите, обвинителката Трајкоска Стрезоски беше избрана со шест гласови од вкупно деветмина членови на Управниот одбор на Академијата.. Не образложија зошто го добила нивниот глас.. Од коалицијата велат дека таквото постапување создава недоверба во правосудниот систем, особено што доаѓа од институција што одлучува кој во иднина ќе стане судија или обвинител..  

Во меѓувреме, од невладината алармираат дека се намалува бројот на судии и јавни обвинители во последните пет години.. Нивното истражување покажало и кусок на судски и јавнообнителски службеници.. Заклучуваат дека недостигот од кадар, влијае врз ефикасноста на правосудниот систем..

„Несомнено влијае врз ефикасното постапување на судовите и јавните обвинителства, како што кажавме и претходно, или, ќе има задоцнета правда, или ќе има неквалитетна правда, што и едното и другото се неправда“, изјави Лејла Тутиќ, Коалиција „Сите за правично судење“.

Според анализата, судовите и обвинителствата од гостиварското подрачје имаат најмал проблем со кадар.. Недостигот е најизразен во Битола.

Continue Reading

Македонија

Германската министерка бара уставни измени за бугарското малцинство како клуч за продолжување на ЕУ интеграциите

Published

on

Средбата меѓу македонските и германските претставници во Берлин потврди дека Германија останува посветена на евроинтеграциите на Македонија, но уставните измени и билатералните односи со Бугарија остануваат клучни прашања кои треба да се решат за напредок во процесот.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, го нагласи значењето на внесувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија како суштински чекор за напредокот кон европските интеграции. Оваа порака ја истакна по средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во Берлин. Според Бербок, без оваа уставна измена, пристапниот процес нема да може да продолжи во рамките на Европската унија.

⚠️ „Иако се залагам за промена на принципот на едногласност, правилата на игра засега остануваат исти. Внесувањето на малцинствата во Уставот е основа за продолжување на процесот и правна вредност во ЕУ,“ изјави Бербок.

Германија и проширувањето на ЕУ

Бербок потенцираше дека Германија е силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, но додаде дека се потребни компромиси од политичките лидери за напредок во процесот.

„Најважните чекори за интеграција доаѓаат кога лидерите имаат храброст да преземат одлуки дури и против јавното мислење,“ рече таа. Интеграцијата во ЕУ бара компромиси, и Германија е подготвена да помогне во решавање на прашањата меѓу Македонија и Бугарија.

Муцунски: Потребни се внимателни компромиси за ЕУ интеграциите

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, нагласи дека Македонија направила многу компромиси на патот кон ЕУ интеграциите, но повика на внимание во следниот период, особено поради претстојните избори во Бугарија.

📊 „Потребно е да останеме внимателни за да не станеме главна тема во бугарските избори, што би го комплицирало решавањето на нашите билатерални прашања,“ рече Муцунски, истакнувајќи дека Македонија треба да биде проактивна во нудење решенија и предлози.

Македонската делегација на економски средби

Премиерот Христијан Мицкоски и македонската делегација имаа работен појадок со Германската стопанска комора, каде се разговараше за инвестиции во инфраструктурата и енергетиката.

💼 „Голем број компании изразија интерес за инвестирање во Македонија и очекуваме конкретни чекори во блиска иднина,“ рече Мицкоски.

Поддршка од Германија за евроинтеграциите на Македонија

На средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, премиерот Мицкоскипотврди дека Германија останува силен сојузник на Македонија на патот кон ЕУ. Тој нагласи дека Владата ќе продолжи да ги брани државните интереси и дека нема да води политика на „свиткана кичма“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк