Connect with us

Скопје

НЕМА МИР ВО ЧАИР, ВЕЧЕРВА ПАК ПУКАЊЕ Еден ранет пренесен во Градска болница

Published

on

Пукање се случило вечерва во скопската населба Чаир, објави ТВ21.

Според информациите на телевизијата, еден човек е ранет и тој е пренесен во Градската болница за да му се укаже помош.

Пред неколку дена се случи престрелка во Чаир во близина на маркетот „Веро“, во која беше ранет 19-годишен скопјанец.

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје, ова се деталите

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р. Северна Македонија.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Од депонија до модерен парк – Кисела Вода добива ново зеленило за сите генерации

Published

on

Во општина Кисела Вода започнаа градежните активности за уредување на нов парк на просторот кај училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Просторот кој до вчера беше запуштена депонија, наскоро ќе биде трансформиран во модерен и уреден јавен простор наменет за сите генерации.

Градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека паркот ќе биде збогатен со парковско зеленило, дрвца, урбана опрема, современо осветлување и модерно детско игралиште. Како што најави, се планира хортикултурно уредување на целиот простор со цел да се создаде пријатна и естетски привлечна околина.

Проектот е реализиран со поддршка од општествено одговорна компанија, на која градоначалникот јавно ѝ се заблагодари, нагласувајќи ја важноста од ваквите партнерства за подобрување на животната средина. Благодарност беше упатена и до министерката за образование Весна Јаневска и директорката на училиштето Александра Јаковчевска, кои овозможија реализација на проектот.

„Ова е уште еден доказ дека промените се случуваат секојдневно и дека нема запирање. Нашите граѓани добиваат ново катче за одмор, рекреација и дружење на отворено,“ изјави Ѓорѓиевски.

Новото урбано јадро ќе им биде достапно и на учениците од училиштето и на жителите од поширокиот реон, претворајќи го запуштениот простор во место за заедничко користење и уживање.

Continue Reading

Скопје

Меџити: Продолжуваат активностите за уредување на речното корито на Мала Рада во Кисела Вода

Published

on

Продолжуваат градежните активности за уредување и зацврстување на речното корито на реката Мала Рада во општина Кисела Вода, каде што во тек е изведбата на нови потпорни ѕидови. Инвестицијата изнесува 30 милиони денари и претставува значаен чекор во унапредување на заштитата од поплави и зачувување на природната средина во урбаното подрачје.

На терен беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој истакна дека ваквите инфраструктурни зафати се дел од пошироката стратегија за зајакнување на отпорноста на урбаните заедници на климатски промени и екстремни временски услови.

„Инвестираме во стабилна и безбедна инфраструктура, но и во заштита на граѓаните и животната средина. Овие активности се дел од нашата визија за одржлив урбан развој и еколошка безбедност,“ изјави Меџити.

Проектот предвидува изградба на нови потпорни конструкции и регулација на речното корито, со цел подобрување на водостојната контрола и спречување на ерозивни процеси. Активностите се реализираат во соработка со општина Кисела Вода и други надлежни институции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк