Connect with us

Македонија

Заради сообраќајниот хаос ќе се заострат контролите во Тетово, пајакот ќе „лови“ до доцна во ноќта

Published

on

Низ Гостивар и Тетово, подрачје кое административно го покрива тетовскиот сектор за внатрешни работи, често се забележува големен број на возачи кои со нивните возила го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, се паркираат на места каде што не е дозволено такво нешто, како што се зони на крстосници, обележани пешачки премини, тротоари, коловозни ленти почесто и на двоен ред на коловозот и зелени површини.

СВР најавува дека во периодот кој следува предвидено е заедно со локалните самоуправи од Тетово и Гостивар да се преземаат сите мерки и да се засилат активностите за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ подрачја на градовите, а посебно околу санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата. Возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби, кои ќе работат интензивно и со подолго работно време се до доцните вечерни часови, наведуваат од полицијата.

„Напоменуваме дека над 4.000 мерки се изречени во изминатите девет месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 2.500 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон.“, стои во полициското соопштение.

Секторот за внатрешни работи Тетово, поради чести појави на сообраќаен метеж, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат совесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Македонија

Тешка сообраќајка кај Мавровка: Автомобил излета, повредени две лица

Published

on

Рано утринава околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(31) од Р.Србија, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот М.Е.(41) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Возач покосил две жени, хоспитализирани со тешки повреди

Published

on

На 20.12.2024 во 19.15 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(48) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во пешаците Р.В.(62) и Л.А.(65), двете од Пробиштип, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Continue Reading

Македонија

Националниот комитет на Македонски Концепт избра двајца потпретседатели на партијата

Published

on

Националниот комитет на политичката партија Македонски Концепт на својата последна седница одржана на 20.12.2024 година ги избра Јасмина Арсовска и Васко Алексовски за нови потпретседатели на партијата.

Јасмина Арсовска е дипломиран економист со долгогодишно искуство во областа на ревизијата, сметководството и финансиското управување. Таа е лиценциран судски вештак и успешен претприемач, посветена на личен и професионален развој.
Васко Алексовски е доктор на науки од областа на клиничката биохемија при Медицински факултет на УКИМ, со повеќе од две децении искуство како раководител на клиничка биохемиска лабораторија. Тој е еден од основачите на Македонски Концепт и активен член на Унијата на Европските Федералисти на Македонија.

На седницата, Националниот комитет го усвои годишниот извештај за работа и завршната сметка за 2024 година, донесе план за работа за 2025 година и одлука за учество на Локалните избори 2025 година. Направени беа и измени на Статутот на партијата.

Со ова, Македонски Концепт потврдува дека останува посветен на своите програмски цели и визија за демократска, европска и напредна Македонија.

Се вели во соопштението испратено од Центарот за комуникации и анализа
Македонски Концепт

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк