На овој ден пред 17 години, Македонија и целиот Балкан го загубија Тоше Проески, една од најголемите музички икони. На 16 октомври 2007 година, во раните утрински часови, трагична сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска, го однесе животот на пејачот, кој имаше само 26 години. Неговото прерано заминување остави неизбришлива болка и празнина, која, и по 17 години, сè уште се чувствува во срцата на неговите фанови, пријатели, колеги, и неговото семејство.
