„Несреќа во Брвеница: Пешачка тешко повредена од возило со швајцарски ознаки“

На 16.10.2024 околу 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Волковија, во с.Брвеница, тетовско, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ф.(62) од с.Челопек, удрило во пешакот К.Ј.(68) од с.Брвеница. Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.