Connect with us

Македонија

Таравари: Не сум судија, очекувам директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид

„Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав комисија која даде детален извештај што се случило и сега тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму ние може да постапиме врз директорите, меѓутоа не и врз вработените“, вели министерот

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека досега нема поднесено ниту една жалба за извештајот што е испратен до Клиниката за детски болести и Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, а кој е изготвен по извршениот стручен надзор откако 14-месечно бебе.

„Извештајот, што не е направен од нас туку од професионалци што ние како министерство за здравство ги назначивме, е испратен и до болницата ’Козле’, до Универзитетската клиника за педијатрија и до Лекарската комора. Тие по членовите 297 и 333 можат да поднесат жалби, но до овој момент до нас нема пристигнато ниту една“, вели Таравари.

Тој очекува директорите на двете клиники да преземат соодветни мерки за докторите што направиле превид.

„Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав комисија која даде детален извештај што се случило и сега тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму ние може да постапиме врз директорите, меѓутоа не и врз вработените. Треба да инсистира министерството и министерот за да директорите преземаат одредени мерки за тие доктори што направиле некаков вид на превид“, рече Таравари.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг