Connect with us

Балкан

Грчка професорка: ФАНТАЗИЈА Е ДЕКА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ОТСЕКОГАШ БИЛА ГРЧКА и ќе остане таква

Published

on

Универзитетската професорка и преведувачка од Грција, Александра Јоаниду ја возбуди и разбранува грчката јавност со јавно искажаниот став, дека грчкиот карактер на Македонија е само грчка фантазија, спротивна на вистината која ја кажуваат научниците.

Во репортажата на една грчка телевизија се вели дека професорката Јоаниду својот став го изнела пред членовите на комисијата формирана според Преспанскиот договор за историски, образовни и археолошки прашања, односно заедничката македонско – грчка комисија, практично наменета за проверка и измена на содржините во учебниците во Македонија и Грција.

„Толерираме  илјадници работи во името на нашата страшна татковина, меѓу кои и една таканаречена фантазија која вели дека Егејска Македонија отсекогаш била грчка и дека ќе остане грчка. Фантазијата која е наметната во јавноста, изолацијата што се чувствува, наспроти вистината што ја кажуваат научниците, навистина е неприфатлива“ , изјавила професорката Александра Јоаниду.

Во репортажата на грчката телевиија се наведува дека Александра Јоаниду е една од седумте члена во комисијата составена од грчката влада „за да ги проверат македонските учебници ( „учебниците во Скопје“) за можни територијални претензии спрема Грција, пренесе МКД

Балкан

Земјотрес утрово кај Солун

Published

on

Утрово, во близина на Солун, беше регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Според достапните информации, потресот се случил околу пет часот наутро, на длабочина од 10 километри, во близина на градот Гелатадес.

Имајќи ја предвид слабата јачина на земјотресот, се очекува дека нема да има ниту материјална штета ниту повредени.

Continue Reading

Балкан

“АРКТИЧКА ЕКСПЛОЗИЈА” ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЕВРОПА! Поголемиот дел од континентот под удар на силно невреме, времето ОПАСНО ПО ЖИВОТ: Познато е и кога леденот бран СТИГНУВА ВО СРБИЈА!

Published

on

Следната недела Европа ја очекува драстично влошување на временските услови, со оглед на тоа што „Арктичката експлозија“ носи пад на температурите, дожд, снег, мраз и суснежица.

Жолто предупредување за северна Шкотска започнува во недела од 16 часот, а ќе се прошири кон јужна Шкотска и северна Англија од понеделник вечер до вторник.

Метеоролозите предупредуваат дека следната недела ќе биде доста студена, со обилни врнежи на многу места низ Европа, особено во Шкотска, која ќе биде прва под удар на невремето.

Невремето започнува од Шкотска, веќе се активирани предупредувања

Во Шкотска е издадено предупредување за зимски врнежи со град, суснежица и снег, што ќе доведе до лизгави патишта и отежнати услови за движење. Можно е да паднат до 10 см снег на планините, а во пониските предели до три сантиметри.

Ова значи и ризик од прекин на струја, непроодни патишта и замрзнати површини, како и можност руралните заедници да бидат отсечени. Возачите се советуваат да издвојат повеќе време за патување и да се осигураат дека во своите автомобили имаат зимски неопходни работи: „топла облека, храна, вода, ќебе, предупредувачки триаголник, елек и полнач за телефон“.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) издаде жолто предупредување за студено време за повеќе делови од Англија.

Температурите во текот на ноќта најверојатно ќе бидат под нулата во поголемиот дел од северна Англија и Шкотска.

Северна и источна Европа под удар на циклон

Метеоролозите во Литванија исто така предупредуваат на невреме со снег и мраз.

• Моќниот систем циклон по име Павлин I и II ќе ја зафати цела северна и источна Европа, студениот атмосферски фронт ќе минува низ Литванија, ќе врне дожд и ќе дува западен ветер. Во текот на денот од Велика Британија ќе пристигне нов, уште посилен циклон кон јужна Скандинавија и Балтикот. Ќе дуваат силни или многу силни ветрови, а врнежите ќе бидат обилни. И за време на викендот се очекува студено време со малку снег и мраз – вели метеорологот Елвира Латвенајте.

Во речиси сите делови на северна и источна Европа се очекуваат силни врнежи, ветрови, а на некои места и снег. Се советува сите да се заштитат себеси и својата имотна состојба.

Белгија се подготвува за врнежи

Иако зимата официјално е за неколку недели, Белгија веќе се подготвува за својот прв снег оваа сезона. Во некои области може да дојде до краткотраен снег, но поголемиот дел од земјата ќе се соочи со дожд и ниски температури.

Оваа недела блажните температури од околу 10 степени Целзиусови се очекува да паднат под нулата во делови од Белгија до следната недела, соопшти Кралскиот метеоролошки институт (RMI). Се очекуваат првите снежни врнежи за сезоната, но само во повисоките предели.

Во Србија следната недела снег

Метеорологот Иван Ристиќ на својот Фејсбук профил објави дека според „IRIE“ моделот, снег во Србија ќе започне да паѓа веќе попладнево во среда, на 20 ноември.

Снегот најпрво ќе стигне во Србија од Босна и Херцеговина, зафаќајќи ги западните делови на земјата. Потоа, попладне ќе се прошири кон централниот дел на Србија.

Во вечерните часови, според овие модели, снегот би можел да стигне и до Белград и југозападниот дел, додека во останатите краишта ќе има суснежица и дожд.

Continue Reading

Балкан

Почина една од тројцата повредени во падот на натстрешницата во Нови Сад

Published

on

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски

Еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, почина денеска попладне. Информацијата ја потврди директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

 „Станува збор за пациентка со најтешки повреди. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход“, 

изјави Туркулов.

Продолжуваат напорите за спасување на животите на преостанатите двајца пациенти кои се сместени во Клиничкиот центар од 1 ноември, кога врз дваесетина луѓе се урна натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад.

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Сè уште се утврдуваат причините за падот.

Денешните протести во Нови Сад

Во Србија денеска се одржаа нови протести на кои се бараше одговорност од надлежните. Досега оставка даде само министерот за градежништво Горан Весиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк