Connect with us

Македонија

Убава вест за граѓаните: Новиот телекомуникациски оператор 4iG основа компанија во Македонија

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на пазарот в Македонија, со основање на подружница Уан (ONE Macedonia Telecommunications). Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group

Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Македонија. Покрај професионалните соработки, деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот, групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, за иден извршен директор на One Macedonia Telecommunications е назначен Тамаш Табори кој е заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt.  4iG Group започна  консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Македонија и избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата. Заедно со сопствените експерти од индустријата на 4iG групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „Analysys Mason“, една од најголемите глобални технолошки, медиумски и телекомуникациски консултантски компании.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, рече Тамаш Табори, извршен директор на ONE Macedonia Telecommunications и заменик извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.

Деловниот опсег на One Macedonia Telecommunications опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Како членка на Алијансата O-RAN, групацијата 4iG е посветена на користење технологија од веродостојни и сигурни извори како дел од иницијативата „Чиста мрежа“, што е услов поставен од македонската влада за нов учесник на пазарот. Иницирана е и регистрацијата на веб-страниците на новиот давател на услуги, така што компанијата ќе биде достапна и преку домејните onemacedonia.mk и onetelekom.mk.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг