Connect with us

Македонија

СО ВЛАДИНА ПОДДРШКА И СРЕДСТВА ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НАД 30 ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА – РАЗВОЈНАТА КОМПОНЕНТА И ПРОЕКТНАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА НАЈАВУВААТ НОВА ГОЛЕМА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО БИТОЛА

Општина Битола, доби поддршка од Владата во висина од 230 000 000 за 16 проекти аплицирани со комплетна документација на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините. Ваквата поддршка е од огромно значење за комплетно подобрување на дел од инфраструктурата во урбаниот и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на објекти од високоградба. Вкупната проектирана вредност за алицираните проекти изнесува 275 990 000 денари, за што потребното кофинансирање ќе го дообезбеди Општина Битола од својот Буџет. Во овие проекти се вбројуваат:

➡Реконструкција на улично осветлување на улица СТУ 3
➡Реконструкција на коловоз на локален пат за с.Буково
➡Реконструкција на коловоз на локален пат Трново – Магарево (последна фаза до граница со НП Пелистер)
➡ Изградба на коловоз на улици од ДУП за БЛР 4 и дел од ДУП БЛР 4 блок 2 (улици 150,170,210)
➡ Изградба на инфраструктура на улица СТУ 3 АРМ четврт 1
➡ Реконструкција на коловоз на улица Панде Кајзеро
➡ Реконструкција на коловоз на Булевар 1 Мај – јужна страна на река Драгор, од спој со улица Добривоје Радосвљевиќ со спој од улица Свети Наум
➡ Реконструкција на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“, „Козара“ и „Чеде Филиповски“
➡ Улично осветлување на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“,
➡ Реконструкција на водоводна линија на патот Битола – село Поешево – село Логоварди
➡ Изградба на фекална канализација и атмосферска канализациона мрежа на улици од ДУП за БЛР 4 дел и ДУП БЛР 4 дел блок 2 (улици 150,170, 210)
➡ Реконструкција на канализација на улица „Панде Кајзеро“
➡ Изградба на канализација на улица СТУ 3 АРМ четврт 1 (фекална и атмосферска со приклучоци)
➡ Реконструкција на фасада – изведба на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Стив Наумов“
➡Изградба на центар за спорт и рекреативни активности
➡ Санација на Јужна трибина од фудбалски стадион „Петар Милошевски“
Дополнително, во развојната компонента, локалната самоуправа, согласно општинските програми, за следната година вклучува и реализација на следните проекти:
➡ Изградба на паркинг простори кај „Овчи Пазар“
➡ Изградба на паркинг простори кај „Ат Пазар“
➡ Реконструкција на коловоз на улиците „Влатко Миленковски“, „Паца Ванчова“ и „Гаврило Принцип“
➡ Изградба на коловоз на улична мрежа во с.Карамани
➡ Реконструкција на коловоз на улица „7-ма Бригада“
➡ Реконструкција на коловоз на улица „Караорман“
➡ Реконструкција на коловоз на улиците „Љубојно“, „Мукос“ и „5-та“
➡ Реконструкција на коловоз на улица „Христо Ботев“
➡ Изградба на патот до манастирот Св.Меркјури во с.Барешани
➡ Реконструкција на коловоз на улица „Димитар Тодоровски“ (11-та)
➡ Реконструкција на улици во населба Јенимаале
➡ Реконструкција и изградба на 10 нови спортски игралишта

За овие проекти, како и за предлозите кои ќе произлезат од буџетските форуми кои започнуваат на 24 октомври, ќе бидат инвестирани средства од општинскиот Буџет.

Ваквата соработка, помеѓу Владата и Општината, создава големи можности за развој на Битола, преку подобра инфраструктура и услови за нови инвестиции.

Advertisement

Македонија

Обвинени директор и управител: Комунален отпад ја загрозувал животната средина во Скопје

По спроведена истрага, Основното јавно обвинителство Скопје подигна обвинение против две лица, кои се обвинети дека заеднички извршиле сериозно кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво по член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Според наодите од истрагата, во текот на октомври годинава обвинетите, со сериозни пропусти во вршењето надзор врз собирањето, транспортот и управувањето со отпадот, создале реална опасност од значително загадување на почвата, воздухот и водата, како и ризик по здравјето и животот на граѓаните и уништување на растителниот и животинскиот свет во поголем обем.

Првиот обвинет, како вршител на должност директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, постапувал спротивно на Статутот на претпријатието, Законот за комунални дејности и одлуките на Управниот одбор. Тој не ја спроведувал деловната политика, не ги извршувал своите основни надлежности, не ги следел и анализирал плановите и договорните обврски и не преземал мерки за нивна реализација. Дополнително, не обезбедил соодветна заштита на животната средина и не се грижел комуналните услуги да се вршат континуирано, квалитетно и со исправна опрема и инфраструктура, иако тоа му било законска обврска како раководител на јавно претпријатие.

Заедно со вториот обвинет – управител за отпад (подгрупа 5), вработен во областа на комуналните дејности и носител на уверение за положен стручен испит за управување со отпад издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање – тие, според обвинителството, со умисла постапувале спротивно на Законот за животна средина и Законот за управување со отпад. Наместо да преземат мерки за заштита на околината, тие не ги спроведувале плановите и програмите за управување со комуналниот отпад на територијата на Град Скопје.

Како директна последица на нивното постапување, редовното собирање и транспорт на безопасен комунален отпад не било извршувано, ниту била побарана измена на Оперативниот план и програмата. Со тоа, обвинетите овозможиле формирање диви депонии на јавни и сообраќајни површини, при што отпадот се одлагал околу и во непосредна близина на садовите за собирање.

Со оглед дека доказната постапка е целосно завршена и дека обвинетите повеќе немаат можност да влијаат врз истрагата, јавниот обвинител предложи притворот да им биде заменет со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во суд, како и привремено одземање на патната исправа или забрана за нејзино издавање.

За обвинетиот управител со отпад, кој и понатаму е вработен во ЈП „Комунална хигиена“, обвинителството предложи и дополнителна мерка, со цел спречување на понатамошно загрозување на јавниот интерес и животната средина.

Continue Reading

Македонија

Изборот за вршител на функцијата државен јавен обвинител одложен

Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста државен јавен обвинител, откако пропадна итната седница поради отсуство на еден од членовите. Од Советот уверуваат дека станувало збор за оправдано отсуство.

„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за 18 декември 2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите, се одложува за 22 декември 2025 година, понеделник, со почеток во 11 часот“, соопштија од Советот.

Изборот на в.д. државен обвинител требаше да се реализира по итна постапка, откако досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски завчера поднесе неотповиклива оставка во Собранието. Оставката дојде токму на денот кога пратениците требаше да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата.

По заминувањето на Коцевски, Собранието е обврзано во најкраток можен рок да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До тогаш, функцијата ја врши вршител на должност, кој се избира од редот на републичките јавни обвинители, а го именува Советот на јавни обвинители.

Continue Reading

Македонија

Ревизијата откри: СДСМ и ДУИ скрија 2 милиони евра во Лотарија на Македонија

Скандалот во Лотарија на Македонија, за што ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека милиони евра на граѓаните завршиле во рацете на кадри на ДУИ, додека СДСМ молчело и ги прикривало злоупотребите.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, додека институцијата беше под контрола на лица од СДСМ и ДУИ, се случиле сериозни финансиски неправилности, вклучувајќи злоупотреба на два милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека одговорните лица – Перпарим Бајрами и Артан Груби – ги фалсификувале и прикривале парите на граѓаните, додека владејачката партија ѝ давала „зелен сигнал“ на ова.

„Јавноста заслужува да знае каде завршиле овие пари и зошто првичниот криминал помина неказнето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата истакнува дека ова е само врвот на ледената санка, со оглед на долгогодишните злоупотреби во Лотарија и другите државни институции.

Во соопштението се наведува дека СДСМ и ДУИ систематски ги уништувале претпријатијата, празнеле буџети и го ограбувале народот, а со заминувањето на обвинителот Љупчо Коцевски, сега е време за одговорност и казнување на сторителите.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна проверка на сите трансакции и на јасен одговор кон граѓаните за тоа како и каде завршиле парите од Лотарија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг