Connect with us

Македонија

Академик Урошевиќ за ТВ 24: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство.

Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.

– Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност. – Влада Урошевиќ академик МАНУ.

Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.

– Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав. – Влада Урошевиќ академик МАНУ.

Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ. Градоначалникот на Липково, кој доаѓа од партијата на Ахмети, денеска на прашање – дали ќе одвои финансиски средства за албанска акдемија порача:

– Како прво, ние не знаеме нити каков предлог, немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто, за кое не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледаат на ниво на државата да се решат, а не на локално ниво, знаете ние руралните општини каков буџет имаме и располагаме. – Еркан Арифи градоначалник на Липково, ДУИ.

И додека ДУИ обвинува дека наместо академија, Вреди прави маалско здружение, албанската политичка коалиција и опонент на Ахмети, тврди, дека академијата е научен проект, бидејќи МАНУ ги дискриминирала Албанците.

– Појаснувањето и почитувањето на албанската историја, култура и наука што е или целосно исклучено од енциклопедиите и училишните текстови или во најдобар случај е погрешно напишано… Тоа е задолжително. – Арбен Таравари министер за здравство, ВРЕДИ.

Премиерот Мицкоски, веќе се изјасни дека е против академијата што ја договараат неговите коалициски партнери. Но, од друга страна порача дека тоа нема да влијае на опстојувањето на владината коалиција.

Advertisement

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Над 40 државни институции преминаа на електронско управување со документи

Повеќе од 40 институции во државата веќе го користат националниот Документ менаџмент систем (ДМС), што овозможува побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во изјава за медиумите.

Според него, поврзувањето на институциите и општините преку единствен дигитален систем претставува суштинска реформа во функционирањето на државната администрација, со фокус на поедноставени и подостапни јавни услуги.

Андоновски информираше дека за само четири месеци е двојно зголемен бројот на институции кои користат електронска архива и електронски систем за управување со документи. Дополнително, преку државната платформа за интероперабилност, само во ноември биле реализирани 2,6 милиони трансакции, што претставува значителен раст во однос на просекот во текот на 2024 година.

Министерот посочи и дека за 20 проценти е зголемен бројот на институции и компании приклучени на платформата за интероперабилност, што директно придонесува за намалување на административните процедури и потребата граѓаните да доставуваат документи од една до друга институција.

„Овие резултати значат помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција. Дигиталната трансформација не ја третираме како ИТ-проект, туку како реформа во корист на граѓаните, со јасни и фер процедури“, истакна Андоновски.

Тој додаде дека целта е институциите да функционираат брзо, разбирливо и еднакво за сите, а Министерството за дигитална трансформација останува посветено принципот „граѓаните на прво место“ да стане стандард во работењето на државата преку конкретни и мерливи резултати.

Continue Reading

Македонија

Собранието ги усвои клучните закони за проектот „Безбеден град“

Собранието во рамки на попладневниот дел на 76. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на повеќе закони кои се дел од пакетот потребен за целосно функционирање на системот „Безбеден град“. Со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците усвоија измени на Законот за извршување на санкциите, Законот за полиција, Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот е дел од шесте законски измени кои обезбедуваат имплементација на еден од најзначајните проекти во историјата на Македонија, кој започна пред неколку недели и практично ќе стартува од 1 февруари.

Законот за прекршоци, исто така дел од пакетот, воведува посебна постапка за прекршоци констатирани со технички средства и уреди за снимање, вклучително електронска достава преку текстуални пораки или е-пошта, 50% намалување на глобата при доброволно плаќање во рок од осум дена, како и автоматско суспендирање на возачката дозвола по акумулирање на три забрани во четири години. Пратеничката Моника Трајанова од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека измените ќе го зголемат ефектот на превенцијата, ќе намалат административни трошоци и ќе ја зголемат ефикасноста на постапките.

Стојановски додаде дека законите овозможуваат одземање на возило на несовесни возачи, како и подобрување на процесот на издавање возачки дозволи, со зголемена транспарентност и контрола врз членовите на комисијата која ги доделува дозволите.

Во рамки на истата седница, пратениците го усвоија и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, исто така по скратена постапка, со што се овозможува поефикасно реализирање на инфраструктурни и други јавни проекти.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг