Connect with us

Балкан

Александра Јоаниду: Дека Македонија е грчка, претставува фантазија што ја толерираме во Грција

Универзитетската професорка и преведувачка од Грција, Александра Јоаниду ја возбуди и разбранува грчката јавност со јавно искажаниот став, дека грчкиот карактер на Македонија е само грчка фантазија, спротивна на вистината која ја кажуваат научниците.

Во репортажата на една грчка телевизија се вели дека професорката Јоаниду својот став го изнела пред членовите на комисијата формирана според Преспанскиот договор за историски, образовни и археолошки прашања, односно заедничката македонско – грчка комисија, практично наменета за проверка и измена на содржините во учебниците во Македонија и Грција.

„Толерираме  илјадници работи во името на нашата страшна татковина, меѓу кои и една таканаречена фантазија која вели дека Егејска Македонија отсекогаш била грчка и дека ќе остане грчка. Фантазијата која е наметната во јавноста, изолацијата што се чувствува, наспроти вистината што ја кажуваат научниците, навистина е неприфатлива“ , изјавила професорката Александра Јоаниду.

Во репортажата на грчката телевиија се наведува дека Александра Јоаниду е една од седумте члена во комисијата составена од грчката влада „за да ги проверат македонските учебници ( „учебниците во Скопје“) за можни територијални претензии спрема Грција. Но тоа што таа и самата се сомнева во грцизмот во Егејска Македонија и тоа и јавно го истакнува, во Грција предизвикува реакции дека со тоа „ им дава значење на тврдењата на Скопје, кои во учебниците пишуваат дека Македонците се посебен народ, со свој јазик“.

Александра Јоаниду е една од седумте члена во грчкиот дел на заедничката образовно-историска комисија, меѓу Македонија и Грција, формирана како обврска од Преспанскиот договор, наводно за усогласување на историските содржини во македонските и во грчките учебници. За разлика од работата на соодветната комисија што Македонија ја има и со Бугарија, која преку анекс-протоколот влезе и во преговарачката рамка на ЕУ за земјава, работата на историско-образовната комисија со Грција се одвива некако молчаливо, без поголеми одгласи и во македонската јавност.

Александра Јоаниду е доктор на науки, универзитетска професорка и преведувачка од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од македонски на грчки јазик, меѓу кои и „Прашања за поетиката на Достоевски“ на Михаил Бахтин, како и дела од неколку писатели (Владимир Маканин, Виктор Пелевин, Људмила Улицкаја, Павел Кохут, Чеслав Милош). Во 2009 година ја добила Националната награда за нејзината книга „Случајот Кулофакос“. Нејзините најнови истражувања се фокусираат на проблемите на замолкнувањето и самоцензура во академската област.

Извор: МКД

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Србија има гориво до 15 јануари

Српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15 јануари, а можеби и до 25 јануари, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблеми во нафтената индустрија.

Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ истакна дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Тој сепак призна дека ситуацијата е комплицирана, особено поради статусот на Нафтната Индустрија Србија (НИС), за што Белград следната недела ќе испрати итни барања до американската канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) за добивање оперативна лиценца.

„Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи, имаме безброј технички проблеми, но државата знае како да ги реши“, рече Вучиќ.

Претседателот потенцираше дека Србија нема да дозволи колапс на енергетскиот сектор и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Ве уверувам дека ќе имате доволно од сè што е потребно за празниците. Ќе добивате навремени информации за секоја промена“, додаде тој.

Continue Reading

Балкан

Тешка несреќа на Дурмитор: Турист загина по пад од жичара, жена тешко повредена

Трагичен инцидент се случи денеска на ски-центарот Савин Кук на Дурмитор, кога две лица – странски туристи – паднале од корпа на ски-лифт, при што едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случила на жичара број два, во стрмниот втор дел од трасата што води кон Савин Кук. Според првичните информации, загинал маж, додека повредената жена е во свесна состојба и комуникативна.

На терен се ангажирани спасувачки и надлежни служби, кои вршат увид и ја утврдуваат причината за инцидентот. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект во вториот дел од жичарата, по што корпата во која се наоѓале туристите започнала да се движи наназад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг