Connect with us

Македонија

Ангел Карапетров: Реконструкција на улицата „Борис Кидрич“: Тетово ќе добие нова модерна сообраќајна инфраструктура”

Published

on

Почитувани тетовчани,

за краток период се очекува да се отпочне со изведување на работите на улицата „Борис Кидрич“ (Методија Андонов – Ченто). Една од главните улици во градот ќе добие целосно нов изглед.

Целосно ќе се реконструира улицата, атмосферска канализација, ќе се постави урбана опрема, нови тротоари, јавно осветлување, шеталиште, велосипедска патека и нови паркинг места.

Македонија

Метео предупредување: Подгответе се за невреме, еве какво време ја очекува Македонија во следниот период

Published

on

До крајот на денешниот ден (среда 26 март), како и утре (четврток 27 март) во Македонија ќе продолжи серијата на влажни воздушни бранови од југозапад, и истите се во склоп со циклонската активност која се наоѓа токму југозападно од нас. Во ваква ситуација кај нас повторно ќе имаме нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пообилни врнежи на повеќе места ќе имаме утре (четврток 27 март) кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (во форма на невреме), а не се исклучува можноста во текот на поинтензивните Атмосферски процеси да има и појава на град.

И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, пообилни утре (четврток 27 март) кога во делови од котлината тие би можеле да бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).

Што се однесува до температурите, тие денес (среда 26 март) ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени, додека утре (четврток 27 март) истите ќе бидат без поголеми промени во однос на оние температури кои ќе ги имаме денес (среда 26 март).

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Истрагата за трагедијата во „Пулс“ се шири – претреси, сослушувања и нови детали!

Published

on

Истрагата за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се проширува, а полицијата интензивно работи на расветлување на случајот. Денеска беа извршени претреси во кафе-барот „Класик“ и во Државниот пазарен инспекторат, а на распит се повикани и роднините на сопственикот Дејан Јованов, кој е осомничен за нелегално управување со дискотеката.

Трагедијата што се случи на 16 март однесе 59 животи, а над 200 лица беа повредени. Истрагата опфаќа 34 лица, меѓу кои полицајци и правни субјекти, а премиерот Христијан Мицкоски порача дека обвинителството мора да спроведе неселективна истрага.

Во меѓувреме, првиот пациент лекуван во странство се врати во Македонија во подобрена состојба. Пет пациенти сè уште се борат за живот, а во следните денови се очекува враќање на уште 8 до 10 повредени. За некои од нив, медицинските тимови во странство понудија подолгорочни рехабилитации.

Continue Reading

Македонија

Одложена седницата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Published

on

Седницата на Советот на јавни обвинители, на која требаше да се разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, е одложена поради недостиг на кворум. Според претседателката на Советот, Душица Димитриеска, тројца членови биле отсутни, а јавноста ќе биде дополнително информирана за следните чекори.

Ова е второ одложување на оваа седница – првично беше закажана за 18 март, но беше поместена поради прогласената седумдневна жалост за жртвите од трагедијата во Кочани. Советот мора да го разгледа предлогот најдоцна до следната недела, бидејќи роковите сè уште течат.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека постапката за разрешување на Коцевски ќе биде запрена во моменталната фаза. Според него, обвинителите треба да продолжат со работата, особено во врска со истрагата за трагедијата во Кочани.

Владата на 11 февруари донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски, кој беше избран пред една година со мандат од шест години. Министерството за правда изготви предлог-мислење за негово разрешување, обвинувајќи го дека постапувал во предмети во кои имал судир на интереси и дека требало да се изземе.

Коцевски ги демантира овие наводи, тврдејќи дека неговото постапување било во согласност со законот и роковите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк