Министерот за правда Филков во средба со Блупринт групата: Зајакнување на соработката во правосудните реформи

Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со претставниците на Блупринт групата за реформи во правосудството, каде ја истакна неговата благодарност за нивната активна работа и посветеност во оваа важна област.

На средбата се разговараше за взаемната соработка, ставајќи акцент на сите активности кои следат во областа на правосудството и вклучувањето на експертизата на организациите во процесите кои се од суштинско значење за унапредувањето на принципот на владеење на правото.