На 20.10.2024 година во 03:35 часот во Тетово пред дискотека лоцирана на улица ,,Маршал Тито,“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.С.(23) и Б.Ѓ.(19) двајцата од Тетово кои го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
