На 19.10.2024 година во 18.30 часот О.С. од Тетово вработен во продажен објект во трговски центар во Тетово, пријавил дека во продавницата, од страна на обезбедувањето при обид да извршат кражба на облека, биле фатени три малолетни од тетовско Желино. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок.
