Нарушен семеен мир во Тетово: Полицијата интервенирала

На 20.10.2024 во 01.45 часот на улица „Јордан Златановски“  во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Х.(33) од Тетово, кој околу 01.30 часот беше пријавен од неговиот татко дека во семејниот дом агресивно се однесувал. Л.Х. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.