Приведени две лица во Тетово по обид за тепачка пред кафуле

На 20.10.2024 во 17.20 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Г.Ш.(40)  и М.А.(34), двете од Тетово, затоа што пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно  однесување и се обиделе физички да се пресметаат. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.