Connect with us

Скопје

„Дајмонд мол“ ги крена рампите за бесплатно паркирање откако со месеци се наплаќаше без дозвола

Согласност за да се склучи таков договор мора да даде Советот на Град Скопје, но советниците речиси цела година не гласаат за предлогот. Со истиот проблем се соочуваат и Друштвото за градежништво и услуги „АБ-Имарет“, потоа фирмата „Тинекс-МТ“, а дозвола нема ниту „Сити плаза“ ДОО за наплата на паркирање во трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром.

Од неодамна посетителите на „Дајмонд мол“ бесплатно можат да влезат на паркингот на трговскиот центар, затоа што рампите се повторно кренати откако од почетокот на годината, па до неодамна на посетителите им се наплаќаше за паркирање, иако „Лимак“ немаше дозвола од Град Скопје за таква дејност.

Дали градските инспектори конечно интервенираа или „Лимак“ самоиницијативно претстана да наплаќа за паркирање во подземните гаражи и реши да почека одобрение од градскиот Совет не е сосема јасно, затоа што од Град Скопје на ова прашање стигна не многу прецизен одговор. Поточно, според нивното објаснување инспекторите веќе излегле на терен, што би значело дека кревањето на рампите е резултат на нивната контрола.

Во врска со давањето дозвола за вршење дејност паркирање за компанијата „Лимак“ ДОО Скопје, Секторот за сообраќај, согласно на своите надлежности доставува Предлог-одлука за давање на дозвола за вршење на дејност паркирање на Друштво за градежништво трговија и услуги Лимак ДОО Скопје, до Советот на Град Скопје на секоја седница, која сѐ уште не е усвоена од страна на Советот на Град Скопје. Согласно истото надлежните градски инспектори имаат извршено инспекциски надзор на терен, и согласно утврдени неправилности се покренува соодветна постапка – велат од Град Скопје.

Советот на Град Скопје неколкупати досега не ѝ даде дозвола на оваа компанија да врши дејност паркирање, пред сѐ, според образложението на некои од советниците, затоа што „Лимак“ самоиницијативно, без дозвола веќе им наплаќа на граѓаните. Цената за еден час паркирање до неодамна изнесуваше 50 денари за час, а подземното паркиралиште располага со повеќе од 1700 паркинг места.

Од Град Скопје велат дека компанијата, согласно со процедурите за добивање дозвола, до Секторот за сообраќај на Град Скопје ја доставила потребната документација, со што ги исполнила условите од член 10 од Одлуката за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје.

„Лимак“ бара од Градот дозвола за вршење дејност паркирање на јавното паркиралиште лоцирано во рамките на ГП 1.1, 1.12, 1.5 од изменување и дополнување на ДУП Стара Железничка станица, со пристап преку Новопланирана сервисна улица 6 и од сервисна улица С2 крак кон улицата Свети Кирил и Методиј.

Според Одлуката за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје паркиралиштата што не се јавни може да се користат и стопанисуваат во комерцијални цели при што субјектот што ги дава услугите на паркирањето мора да има дозвола за вршење на таа дејност.

Согласност за да се склучи таков договор мора да даде Советот на Град Скопје, но советниците речиси цела година не гласаат за предлогот. Со истиот проблем се соочуваат и Друштвото за градежништво и услуги „АБ-Имарет“, кое сака да стопанисува со паркинг со пристап од улица Самоилова во Чаир, потоа фирмата „Тинекс-МТ“ која побарува да врши дејноста паркирање на паркиралиште со пристап од крак на улица Борис Трајковски во Кисела Вода, а дозвола нема ниту „Сити плаза“ ДОО за наплата на паркирање во трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром.

Advertisement

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг