Connect with us

Македонија

ДУИ не излегува на протести поради ниските температури, смета Таравари

Според министерот за здравство, ниските температури се причина поради која ДУИ се одлучила на средби со граѓани наместо на протести, кои членови на ДУИ претходно ги најавуваа поради несогласување со владините политики 

Ми се чини дека поради ниските температури се одлучија да имаат средби со граѓани, наместо да излезат на протести, коментира министерот за здравство Арбен Таравари во врска со вчерашната одлука на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од неделава да почне средби со граѓани во сите партиски ограноци.

„Нека се сретнат, убаво е. Ние континуирано се среќаваме со граѓаните и тоа е, да речам, задолжение на сите партии да се среќаваат и да зборуваат со граѓаните. Дури сметам дека не требаше да направат толку долга апстиненција од четири месеци воопшто да не се видат со граѓаните“,

изјави Таравари одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот од редовите на владејачката „Вреди“ ѝ порача на ДУИ да започне реформи во партијата поради голем број некредибилни лица во членството, како и да се адаптира во опозиција.

Изјавата на Таравари се однесува на вчерашната седница на Централното претседателство на ДУИ, на која беше одлучено од оваа недела највисокото партиско раководство и партиските ограноци да почнат средби со граѓани. За евентуални протести, кои членови на ДУИ претходно ги најавуваа поради несогласување со владините политики не било дискутирано. Иако ова прашање останува на агендата, како што рекоа од ДУИ, сè уште не е на дневен ред.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг