Градел на диво во Тетово, полицијата му лупна кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и Ф.Б.(43) од с.Џепчиште, тетовско, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2023 на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, пријавените изградиле станбена зграда со еден кат повеќе од предвиденото во одобрението за градба издадено од надлежен орган.