Connect with us

Македонија

Министерот за земјоделство Трипуновски стана татко

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и воостопанство, Цветан Трипуновски и неговата сопруга Моника Станковска добија син.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели Трипуновски.

Македонија

Значи можело! Од нула локомотиви, за 6 месеци ставени се во функција 14 локомотиви и возови кои веќе се движат на македонските пруги

Published

on

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење – соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто на ТВ Сител.

Тој нагласи дека со чесна и посветена работа се успеало да се оствари зголемување од 75 % на карго превозот и 37 % на бројот на патници во последните три месеци од 2024 година споредено со истиот период од претходната година.

Continue Reading

Македонија

МВР НЕМА МИЛОСТ, вчера напишани 570 КАЗНИ!

Published

on

policija stop

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, вчера полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.

-Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 04 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација, велат од МВР.

Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.

-Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Нема начин да биде разрешен Судскиот совет, но борбата ќе биде со јавен притисок

Published

on

Нема начин со сила да биде разрешен Судскиот совет, ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација. Можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе биде со јавен притисок, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан околу интерпелациите поднесени за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

-Органот којшто ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење за нивната работа и тој со тоа што не им го прифатил извештајот за работа дал свое мислење. И сега логично е дека можат пратениците да поднесат таква процедура за интерпелација на членовите на Судски совет кои тие ги избрале, бидејќи таму нема членови на Судски совет кои се бирани само од пратениците, има и од судовите итн. Но, ќе повторам, тоа не значи дека им престанува мандатот на тие членови. Сепак, тие можат да си речат дека не си поднесуваме оставка и ќе останеме и понатаму да го водиме судството со доверба кај граѓаните од два проценти. Условно кажано, законот е таков – непрецизен и може тоа да се случи, рече Мицкоски.

Премиерот вели дека тоа нема го изненади и оти тие како политичари можат да направат само јавен притисок бидејќи цени дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав.

– Со сила ништо не можеме да направиме. Нив до последно ги штити законот. Се разбира, таков е законот, тие можат да си речат не поднесуваме оставка и ќе тераме додека не ни завршат мандатите. Инаку кои се алатките? Еве за да нема дилема. Алатката е јавноста. Се бориме јавно. Вистината е најпрецизна во јавноста. Ќе се бориме со јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав на Судскиот совет и мислам дека нема подобра алатка од јавноста. Апсолутно со јавен притисок, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.

Премиерот посочи дека се надева оти тие ќе поднесат оставки.

– Мислам дека ќе бидат доблесни, доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека доколку бидат разрешени, бирањето на новите членови на Судскиот совет ќе биде според законот што е во сила.

-Ние не можеме со претпоставки да водиме политика. Мораме да водиме политика врз основа на параметри коишто се дел од реалноста и ние ја прифаќаме таа реалност таква каква што е, рече тој.

Во однос на тоа дали ќе поведат некаква постапка за членовите на Советот на јавни обвинители, Мицкоски истакна дека чекор по чекор ќе следат многу реформи во правосудството.

– Чекор по чекор ќе следат многу реформи. Јас никогаш не би сакал да зборувам со повисок тон или пак да се заканувам што ќе следува, но прво да се случат работите, па потоа ќе ги коментираме. Тоа е начинот на кој функционира оваа Влада. Внимателно, чекор по чекор, тивко, без многу помпа, без многу најави, без многу закани, да си ги завршуваме работите, рече премиерот Мицкоски.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во петок до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследнои спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк