Connect with us

Македонија

Нова германска инвестиција – „Брејнчајлд производство“ се отвора во ИЗ „Жабени“ крај Битола

Битола – Шареноликост од бои и современи дизајни налик на крилја од рајски птици наликуваат крилја за сурфање на вода што ги произведува германската фабрика „Брејнчајлд продукција“ во Битола. Во производствената хала сместена во старата индустриска зона во Битола вредно се работи на секој еден детаљ на материјалите од кои се шијат и изработуваат  платната за спортови на ветер и нивни аксесоари. Производите на „Брејнчајлд“ произведени во Македонија се препознатливи на светскиот пазар и наградувани за квалитетот.

Успешната приказна на германската фирма се проширува со нова фабрика во ИЗ „Жабени“ крај Битола.

Постојната фабриката од 2021 година работи во објект на поранешна „Битолатекст“, таму затекнавме работна атмосфера со германска дисциплина. Едни ги подготвуваат боите и дезените, други ги печатат платната, трети ги шијат и лепат, други изработуваат неверојатно силни јажиња иако навидум изгледаат како врвки за чевли и се така по ред до финален производ.

Готовите платна за сурфање раскрилени  и со димензии и до 12 м2 чекаат да бидат спакувани во ранци од рециклирани материјали и се подготвуваат за извоз за Холандија, Франција, Германија…

Вака накусо може да се опише производството во „Брејнчајлд продукција“ во Битола сопственост на германскиот параглајдерист и кајтсурфер Ралф Гросел. Фабриката во Битола не е единствена на Гросел, тој веќе има основано фабрики во Украина и Шри Ланка, а веќе е подготвен и за новиот проект во ИЗ „Жабени“. Покрај германскиот гигант „Кромберг и Шуберт, оваа фабрика на Гросел ќе биде втора германска инвестиција во индустриската зона на Општина Битола.

Интересна е приказната како Гросел се одлучил да инвестира во Македонија и во Битола, а пред се тоа е неговата пасија за летање со параглајдер што го носи во Крушево, Галичица и на други места во државата. 

Сега новост е што германската инвестиција веќе ги отпочнува подготовките за нов производствен капацитет во ИЗ „Жабени“ што ќе значи дека „Брејнчајлд продукција“ отвора нов капацитет со име „Брејнчајлд производство“. Капацитетот во зоната ќе подразбира вложување на нови 8,5 милиони вера од страна на германскиот инвеститор и изградба на производствена хала на површина од околу 3000 квадратни метри. Фабриката во „Жабени“ ќе биде готова на почетокот на 2025 година.

„Новата фабрика во ИЗ ‘Жабени’ ќе биде фокусирана само на производство на крилја за сурфање. Добивме земјиште, ја потврдивме одлуката. Во тек е изработката на проектот, таа ќе биде монтажна и се очекува да биде готова по Нова година. Ние не сакаме да ја затвориме оваа фирма овде –‘Брејнчајлд продукција’, туку ќе остане како истражување и развој, но делот за производство ќе биде во ‘Жабени’. Побарувачката за нашите производи расте и таму во зоната ќе го правиме производството на она што тука ќе го истражиме“, вели Наталија Ристевска, менаџер во германската инвестиција во разговор за „Независен“.    

Според неа германскиот инвеститор има позитивни искуства од соработката со државата и Општина Битола.

„Државата и Општина Битола во секој дел од инвестирањето ни излегоа во пресрет и за постојната фирма и за новата што допрва ќе се отвори. Добивме препораки и за земјиштето иако инвестицијата е наша, самостојна. До крајот на овој месец ќе имаме состанок со Владата за да се дефинира инвестицијата во целост. Ние можевме да инвестираме во било која ТИРЗ зона, но тука ни излегуваат во пресрет и ќе имаме одредени поволности“, вели Ристевска. 

Досега фирмата брои околу 70 вработени (до Нова година ќе има уште десеттина нови вработувања) додека во ИЗ „Жабени“ ќе бидат нововработени над стотина работници. Ако производството напредува инвеститорот најавува и поголема бројка на нововработени.  Ако ги прашате инвеститорите какви плати даваат и ветуваат, дали европски или по македонски стандард велат дека „се нешто помеѓу“.

„Брејнчајлд продукција“ во овој период е насочена кон обезбедување на кадарот за работа пред се на машински техничари и општи работници, шивачи, магационери, се она што го покрива основното производство во една текстилна индустрија. 

„Најголем дел од нашите вработени се од поранешни текстилни фабрики во Битола, со стекнато искуство, само што кај нас се бара голема прецизност. Текстилните работници со обуката навистина можат да се пронајдат во оваа средина“, вели Ристевска. 

„Брејнчајлд продукција“ се отвори во Битола пред три години, во едно исклучително кризно време за стопанството, во период на корона кризата како потреба од истражување и развој на два типови на крилја за сурфање на вода. За прв пат се воведува дигитално принтање и  ултрасонично лепење на материјалите. Тоа значи флексибилно платно за сурферите и прилагодување на вибрациите на ветрот.

„Крилјата се изработуваат комплетно како структура, принт, а бидејќи производот не е лесен и едноставен за работа бара обука на вработените. За таа цел основавме и училиште за да ги обучиме работниците, па кога ќе дојдат тука да имаат предзнаење за работата што ги очекува оти производот е комплициран. Иновативноста на нашиот производ е што досега во светот на крилјата за сурфање не постоело сублимационо принтање, односно дигитално принтање на самиот материјал. Поклопувањето на двата панели на платното треба да биде детално до милиметар. Ако има грешки од милиметар, два се губи целата структура на самото крило“, објаснува Ристевска.   

Advertisement

Македонија

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на брифинг со новинарите испрати жестоки пораки до политичките опоненти, но и до „незадоволните“ во своите редови. Тој најави нови, ригорозни услови за влез во идна влада, вклучувајќи промена на начинот на избор на Влада и Уставни судии, а истовремено упати отворена закана доколку биде приморан да го активира „Планот Б“.

„Не сум претставник на мачки, туку на лавови“

Можеби најсината порака од брифингот беше неговото предупредување за тоа што би се случило доколку политичката ситуација не се развива според „Планот А“ (развој и напредок).

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, дециден беше Ахмети.

Во свој стил, тој се осврна на своето минато, тврдејќи дека никој во Македонија не го познава национализмот подобро од него.

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001“, рече лидерот на интегративците.

Нови услови: Бадентер во Уставен и двојно мнозинство за Влада

Ахмети постави нови „црвени линии“ за идните коалицирања. Тој бара нов „Национален договор за развој“, но со конкретни системски измени:

  1. Избор на Влада: Да се воведе принцип на „двојно мнозинство“ (Бадентер) при изборот на владин кабинет.
  2. Уставен суд: Бадентеровиот принцип да се применува и при одлучувањето во Уставниот суд.

Според него, ова ќе биде услов за учество во какво било идно управување со државата. Тој додаде дека Охридскиот договор е компромисен и не е совршен, оставајќи простор за негова надградба.

„Кој сака нека си оди“

Во однос на внатрепартиските турбуленции по 5-тиот Конгрес, Ахмети покажа ноншалантност. Тврди дека незадоволството е сведено на „две-три лица“ кои останале без функции.

„Оние кои си одат затоа што немаат функции, нека си одат“, порача Ахмети, додавајќи дека Абдил Селам Селами веќе се извинил и останува лојален на партијата.

За Села, Тачи и бизнисмените

Ахмети ги коментираше и односите во „Европскиот фронт“:

  • За Мендух Тачи: Има договор и тоа не му штети на Фронтот.
  • За Зијадин Села: Ахмети смета дека Села се обидува да изгради сопствениот идентитет бидејќи се чувствува во сенка на ДУИ, но не верува во шпекулациите дека Села ќе го поддржи Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар.

Лидерот на ДУИ упати критики и кон стопанските комори, обвинувајќи ги дека „создаваат поделби и ги поддржуваат олигарсите“.

За напролет, ДУИ најави нов, тематски конгрес, на кој ќе се дефинира новата идеолошка матрица на партијата по консултациите со базата.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Македонија

Магливо утро, дожд најавен навечер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планинските предели дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг