Connect with us

Балкан

Словачка ќе ја затвори канцеларијата за врски во Приштина

Словачка, една од 5-те земји членки на Европската унија кои не го признаваат Косово, реши да ја затвори својата Канцеларија за врски во Косово, четврт век по нејзиното отворање, јави дописникот на МИА од Приштина.

Затворањето на Канцеларијата за врски за Радио Косово го потврдија од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка.

„Согласно одлуката на словачката Влада, Канцеларијата за врски на Република Словачка во Приштина ќе биде затворена до 31 декември 2024 година, поради реорганизација на дипломатската мрежа и намалување на буџетот“, се вели во одговорот на службата за односи со јавност на словачкото МНР.

Министерството за надворешни работи на Косово не го коментира затворањето на канцеларијата во Приштина, ниту влијанието што оваа одлука може да го има врз односите меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Словачка, Јурај Бланар, во петокот на средбата со неговиот српски колега Марко Ѓуриќ во Белград изјави дека ставот на Словачка за непризнавање на Косово останува непроменет, бидејќи, според Братислава, независноста на Косово го нарушува територијалниот интегритет на Србија.

Во 1999 година, кога Косово беше ставено под администрација на Обединетите нации, многу земји, вклучително и оние кои беа против, како Русија, отворија свои канцеларии за врски во Приштина, а по независноста повеќето од оние што го признаа Косово се претворија во амбасади или дипломатски претставништва.

Advertisement

Балкан

Трагедија на планина во БиХ: Спасувачи со часови се бореа да го извлечат телото на загинатиот планинар

Исклучително тешка и напорна акција за извлекување на телото на трагично починатиот планинар ја одбележа вчерашната вечер на планината Височица во Босна и Херцеговина.

Спасувачката операција, која започна уште во недела попладне, се претвори во вистинска драма. Непристапниот терен и исклучително тешките физички услови драстично ја отежнаа мисијата на храбрите тимови.

„Се надеваме дека хеликоптерот ќе може да пристапи, во спротивно евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Теренот е исклучително тежок“, објавија спасувачите на својот Фејсбук профил, најавувајќи ја исцрпувачката ноќ пред нив.

Надежта дека хеликоптер на ЕУРОФОР ќе може да го извлече телото згасна со паѓањето на темнината. Иако локацијата првично беше проценета како погодна за воздушен транспорт, ноќта ги принуди спасувачите да продолжат со пешачка евакуација.

Во битката со планинските предизвици учествуваа 20 несебични спасувачи од Службата за спасување Прењ, ГСС Јабланица и ГСС Кантон Сараево, кои вложија надчовечки напори во оваа тажна мисија.

Video | Facebook

Video | Facebook

Continue Reading

Балкан

Бериша најави национални протести поради политичката состојба во Албанија

Поранешниот албански премиер и лидер на Демократската партија, Сали Бериша, најави организирање национални протести низ Албанија, изразувајќи незадоволство од актуелната политичка состојба и начинот на кој, според него, функционираат институциите во земјата.

Бериша во своето обраќање посочи дека протестите ќе бидат насочени против, како што рече, злоупотребата на власта, корупцијата и нарушувањето на демократските принципи. Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на улиците и да го искажат својот револт преку мирни, но решителни демонстрации.

Според најавите, протестите ќе се одржуваат во повеќе градови и ќе имаат за цел да извршат притисок врз институциите за, како што тврди Бериша, враќање на владеењето на правото и почитување на демократските стандарди.

Од владејачките структури засега нема официјална реакција на најавата за протестите, додека безбедносните служби најавуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и ќе преземат мерки за одржување на јавниот ред и безбедност.

Политичките аналитичари оценуваат дека најавените протести дополнително ќе ја заострат политичката сцена во Албанија, која и во изминатиот период се соочува со силни тензии меѓу власта и опозицијата.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Босански тинејџер го собори светскиот рекорд: Со глава скрши 111 бетонски блокови за 35 секунди

Неверојатен физички подвиг привлече внимание ширум светот откако 16-годишниот Керим Ахметспахиќ од Босна и Херцеговина официјално постави нов светски рекорд во скршување бетонски блокови со глава.

На настан во босанскиот град Високо, организиран пред комисија на Гинисовата книга на рекорди, Ахметспахиќ во рок од само 35 секунди успеа да скрши 111 блокови со својата глава, што претставува досега невиден рекорд во оваа дисциплина.

Младиот шампион, кој е и црн појас во таеквондо, ги постави блоковите во колони и со прецизни удари ги разбиваше еден по еден, демонстрирајќи неверојатна сила и контрола. Движењето настанот предизвика громогласен аплауз од присутните, кои со восхит го следеа секој негов потег.

Овој подвиг е признат од страна на официјални претставници на Гинисовите рекорди како нов најголем број бетонски блокови скршени со глава, што значително го надминува претходниот рекорд.

Постигнувањето на Ахметспахиќ не само што го запиша негoвото име во историјата на рекордите, туку и ја истакна важноста на дисциплината, тренингот и физичката подготвеност во екстремни услови.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг