Connect with us

Свет

Терористички напад во Анкара: 4 лица загинаа, 14 повредени

Published

on

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад во областа Кахраманказан, предградие на Анкара. Во акцијата која следеше неутрализирани се и двајца напаѓачи.

Го осудувам овој грозоморен напад. Нашата борба ќе продолжи со истрајност и одлучност додека не се неутрализира и последниот терорист – рече тој.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го осуди нападот и потврди дека загинаа четири лица.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изрази загриженост поради бројот на жртвите и рече дека НАТО стои покрај својот сојузник Турција.

„Загрижувачки се вестите за загинати и повредени кои доаѓаат од Анкара. НАТО стои до нашиот сојузник Турција. Силно ги осудуваме сите форми на тероризам и внимателно го следиме развојот на настаните“, напиша Руте на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му ги пренел пораките за поддршка на НАТО.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази сочувство до Турција по терористичкиот напад врз фабриката на Турската воздушна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара.

„Очекуваме информации, но го осудуваме овој напад врз цивилите. Испраќаме сочувство до семејствата на жртвите и се надеваме на целосно закрепнување на повредените“, изјави за Анадолија заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак во име на Гутереш.

Според последните информации од турските медиуми, двајца терористи се неутрализирани, додека третиот напаѓач наводно држи работници во заложништво во фабриката. Ситуацијата и понатаму е напната, а безбедносните сили се во состојба на готовност. Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и брза помош. Пријавено е дека персоналот на одбранбената фирма е испратен во засолништа од безбедносни причини.

Обвинителството во Анкара, исто така, започна истрага за терористичкиот напад.

Свет

Трамп работеше во McDonald’s

Published

on

Поранешниот претседател Доналд Трамп работеше на фритезата во McDonald’s во Пенсилванија. Посетата на Трамп доаѓа откако тој неколку пати ја обвини Харис дека лажела за своето минато работење во McDonald’s за време на нејзините студентски денови.

Continue Reading

Свет

Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Published

on

Илон Маск ѝ дал околу 75 милиони долари на својата организација која се бори за победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Америка ПАК (Политички акционен комитет) се обидува да ја зголеми излезеноста на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошил околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до федералната изборна комисија.

Тоа е повеќе од кој било друг ПАК што сака да го мотивира одѕивот на поддржувачите на Трамп. Кампањата на Трамп во голема мера се потпира на надворешни групи за мотивирање на гласачите, што значи дека Супер ПАК основан од Маск – најбогатиот човек на светот – игра извонредно важна улога во изборите меѓу Трамп и Камала Харис.

Во објавата на социјалната мрежа Икс, Маск посочи дека ќе одржи серија разговори низ Пенсилванија. Оваа американска сојузна држава се смета за клучна држава и за Трамп и за Харис во трката за Белата куќа.

Маск, кој изјави дека гласал за демократските претседателски кандидати во минатото, на овие избори направи остар пресврт надесно. Тој го поддржа Трамп во јули и се појави со него на митинг во Пенсилванија претходно овој месец.

Continue Reading

Свет

Нетанјаху му откри на Бајден кога Израел ќе го нападне Иран и што ќе биде на удар

Published

on

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информирал  американскиот претседател Џо Бајден дека одмаздата на Израел против Иран нема да вклучува напади врз цивилни и индустриски  локации, пишува Вашингтон пост.

Израелскиот премиер ја ограничи планираната акција за да избегне мешање во изборите во САД, изјави официјален претставник.

Извештајот на Вашингтон пост  цитира двајца функционери запознаени со ова прашање, вклучително и еден идентификуван како американски функционер. Во извештајот се сугерира дека Израел го држи отворено времето на одмаздата, но еден официјален претставник рекол дека тоа ќе се случи пред изборите во САД кои се одржуваат на 5 ноември и дека ќе има „повеќе одговори“, што значи повеќе напади врз Иран.

Нетанјаху му рекол на Бајден, меѓу другото, дека Израел планира да го ограничи нападот врз воени локации, објави Вашингтон пост.

Претходно се сметаше дека Израел размислува за напади врз иранската нафтена инфраструктура или нуклеарни локации, на кои САД се спротивставуваат поради нивниот потенцијал за ескалација на борбите.

„Ги слушаме размислувањата  на Соединетите Држави, но ќе ги донесеме нашите конечни одлуки врз основа на нашите национални интереси и безбедност“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, цитирано и во написот на Вашингтон пост.

Извор близок до Нетанјаху, цитиран од весникот, изјавил  дека израелскиот  премиер се координира со САД, но нема да чека Белата куќа да даде одобрение пред да започне напад.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк