Примарна цел на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола е вложување во младите и нивно поттикнување за развивање на многу полиња. Ни рекоа од битолската Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, пред почетокот на политичката академија која започна и ќе треа до 24 ноември оваа година.
Надежта е сон на будните“ беше насловот на првиот модул. Оттука и прашањето до првиот човек на Унијата, Попов дали има уште заспани или ги разбудиле?
„Апсолутно ги разбудивме, се чувствува насекаде во македонското општество во првите 100 дена, а особено помеѓу младите луѓе, дека ништо не е исто како до сега и дека не биле сите исти. Затоа што во првите 100 дена од новата Влада предводена од Христијан Мицкоски се решија повеќе проблеми и прашања за младите луѓе од ова што овие претходно го направија за седум години. Тука ќе ги спомнам младите лекари, ќе ги спомнам студентите, тука ќе ги споменам и двете мерки кои што на претходната годишна конференција пред една недела премиерот најави две нови мерки за младите, каде што се предвидуваат со наредниот буџет од наредната година 250 евра субвенција од државата за купување на електронски уред за сите студенти во државата, потоа отворање на фондот од 10 милиони евра со буџетот за наредната година за поддршка на бизниси за млади лица до 29 години во вредност до 30.000 евра. Туку спомнувам најава од 18,5 милиони евра кои што следната година ќе бидат инвестирани во реконструкција на студентските домови, тука спомнувам вработување на 600 млади лекари кои што инаку ќе ни заминеа и ред други мерки“ рече Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.
Рекоа дека оваа политичка академијата е отворена за сите млади, не само за оние кои се членови или симпатизери на нивната партија.
„Повикот се уште на некој начин нас ни трае, иако официјално ние првиот модул го отпочнуваме, така што слободно доколку некој е заинтересиран, ние буквално не одредуваме политичка определба или нешто таква работа, секој е добредојде, повикот е јавен, така е и посочен како јавен повик, така што секој млад човек до 29 години што се гледа во овие води, во политиката, е добредојден, нашата врата е секогаш отворена“ рече Мартин Ивановски, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола.
Неговиот пат во политиката тргна од унијата. Беше и советник, а сега и пратеник. Милевски вели дека важно е младите да бидат дел од процесите.
„И да се обратам до сите млади. Многу е важно, ако не и најважно во животот да се биде дел од процесите кои што го управуваат животот, ако не и да се водат тие процеси. Токму затоа ги покануваме, ги поттикнуваме, ги замолуваме сите млади луѓе на иницијатива на Мартин како претседател на Унијата на млади сили, но и поддржани од Сергеј, од севкупните политичари во градот кои што делуваме заедно, ги покануваме уште еднаш, ги замолуваме да се приклучат на процесите и да бидат дел од општествените промени кои што треба да се случат или се случуваат, да бидат дел од оваа политичка академија во која што од прва рака ќе можат да слушнат одредени искуства, политички знаења од самите членови на извршната власт и многу непосредно да разговараат со нив. Токму затоа уште еднаш, повелете сите млади од Битола и битослко бидете дел од оваа политичка академија“ порача пратеникот Пеце Милевски, кој е и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.
Битола како град прави се во надлежностите кои што ги има општината да ги задржи младите, да ги врати оние кои се исселиле и да направи услови тие да останат овде, рече градоначалникот на Битола кој беше на стартот на оваа политичка академија.
„Тие се оние кои што треба да не наследат, тие се оние кои што треба да го продолжат патот. Ние сме тука кои треба да застаниме зад нив и да дадеме целосна поддршка на нив, меѓутоа тие се оние кои што за неколку години ќе ја водат оваа држава“ рече Тони Коњановски, градоначалникот на Битола.
Го прашавме дали го има одговор зошто базенот не е готов, а тој е за младите.
„Се што се нафатило ВМРО ДПМНЕ ќе го реализира. Па така и овој проект да го наречам или она што ни го оставија ќе го завршиме секако“ ни одговори Коњановски.
И Попов кој и пратеник во Собранието вети дека ќе лобира базенот да се заврши.
На првиот модул синоќа предавачи беа историчарите Александар Јаневски и Горан Талевски.
Измамена 80-годишна жена од Скопје – лажен „доктор“ и одзел 150.000 денари убедувајќи ја дека ќерка и е повредена
80-годишна жителка на Скопје стана жртва на измама откако непознато лице, претставувајќи се како доктор, ја убедило дека нејзината ќерка наводно е повредена и дека треба да плати 150.000 денари за лекување.
Според полицијата, вчера на мобилниот телефон на старителката пристигнал повик од лице што се претставило како здравствен работник. Лажниот „доктор“ ја уверил жената дека нејзината ќерка наводно била во болница со сериозни телесни повреди и дека е итно потребно да се обезбедат пари за лекување и медицински трошоци.
Загрижена за состојбата на своето дете, старителката му предала на непознатото лице 150.000 денари, како што било побарано, верувајќи дека со тоа ќе помогне во спасувањето и оздравувањето на ќерка си. По приемот на парите, измамникот избегал и повеќе не контактирал со неа.
Полицијата веднаш по пријавувањето на случајот започнала истрага за да се утврдат идентитетот и местото на престој на лицето кое ја извршило измамата. Надлежните истакнуваат дека овој тип на измами со „лажни доктори“ е се почест, особено кога се таргетираат постари лица, и апелираат граѓаните да бидат внимателни при примање вакви повици.
Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека никогаш не побаруваат пари по телефон за лекување или медицински услуги и дека секоја таква барање треба веднаш да се пријави во најблиската полициска станица. Случајот е пријавен и се води со соодветни службени мерки додека трае потрагата по сторителот.
Ларви и инсекти пронајдени во пратка со овошје од Србија – Стопиран увозот на 22.34 тони киви на граничниот премин
Увозот на 22 тони киви од Србија вчера беше стопиран откако инспекторите открија присуство на штетни инсекти и ларви во пратката, соопштија надлежните органи за безбедност на храна.
Контролните служби ги блокираа киви плодовите на граничниот премин поради сомневање дека не ги исполнуваат фитосанитарните стандарди. При инспекциски преглед на стоката, стручњаците идентификуваа присуство на ларви и други инсекти, што го нарушува здравствениот и безбедносниот статус на увезеното овошје.
Од надлежните информираа дека ваквиот наод претставува ризик по растителното здравје и потенцијално може да доведе до ширење на штетни агенси во земјата, поради што веднаш биле преземени законски мерки за стопирање на увозот и запечатување на спорната пратка.
Пратката со киви ќе остане под контрола на инспекциски служби додека не се утврди точната природа на загадувачите и додека не бидат преземени соодветни мерки за справување со нив. Дополнително, се најавува засилена инспекциска контрола и на други увозни производи од истиот тип се додека не се обезбеди сигурност за испорака на безбедна и здрава храна на пазарот.
Фитосанитарните инспекции редовно ги проверуваат увезените земјоделски производи со цел да се заштити потрошувачот и да се спречи навлегување на инсекти, болести или штетници што би можеле да му наштетат на домашното производство.
ВЛЕН: ДУИ имаше власт, но немаше политичка волја за еднаквост во високото образование
Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на ДУИ, реагираат од ВЛЕН.
Од коалицијата наведуваат дека албанските универзитети со години биле намерно оставени на маргините, принудувани да протестираат и третирани како секундарно прашање секогаш кога принципот на еднаквост не се совпаѓал со политичките интереси на ДУИ.
„Факт е дека во периодот кога Талат Џафери имаше институционална одговорност, оваа неправда не само што не беше исправена, туку беше оправдувана и нормализирана“, велат од ВЛЕН, оценувајќи дека станува збор за реалност која, според нив, не може да се избрише. Како клучен пресврт, од коалицијата го посочуваат потпишувањето на колективниот договор на денот на годишнината на Универзитетот во Тетово, како и договорот со Универзитет „Мајка Тереза“, што, според ВЛЕН, означува крај на долгогодишна политика на исклучување. „Ова е крај на една политика изградена врз одолговлекување, селективност и нееднаквост. ДУИ имаше години, имаше власт и институции, но немаше политичка волја“, се наведува во реакцијата.
Од ВЛЕН додаваат дека неуспешните политики не можат да се рехабилитираат со формални конгреси и декларативни најави, поради што, како што велат, и самите активисти на ДУИ денес со право го поставуваат прашањето – каде се вистинските реформи?