Connect with us

Македонија

Фон дер Лајен: Работам да се отворат преговорите на земјата со ЕУ, но треба да се разработат и уставните измени

Published

on

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ги вложуваат сите напори со цел земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер „Темели“, но додаде дека потребни да се разработат и уставните измени.

Фон дер Лајен на новинарско прашање за тоа дали смета дека условувањата кон земјава за уставни измени се диксриминирачки, но и дали уставните измени со одложено дејство се прифатливи рече дека ЕУ ќе ѝ помогне на Македонија да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.

„Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Северна Македонија ја презеде како суверена земја на секој дел од патот. За мене е мошне важно тоа што имаме јасна цел. Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите за кластерот ‘Темели’. Тоа е нашата краткорочна цел засега и уставните промени треба да се разработат. За мене тоа е важно, важно е, и е во интерес на Северна Македонија да бидеме успешни.  Затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот, за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметате на нас. И мене ми е навистина важно, да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината. Сакаме да го пишуваме заедно наредното поглавје од нашата заедничка иднина“ , рече претседателката на ЕК

Македонија

Хероите на првата линија: Диспечерите кои ја осигуруваат светлината на Новата Година

Published

on

Додека повеќето уживаат во празничната магија, вработените во Националниот диспечерски центар не знаат за одмор. И за време на новогодишната ноќ, тие стојат на првата линија, осигурувајќи стабилен и безбеден пренос на електрична енергија за секој дом, компанија и институција.

Во првите часови од Новата Година, нивната посветеност беше наградена со традиционална посета од страна на генералниот директор, проф. д-р Бурим Љатифи, директорот на ОЕПС, Сашко Лакински, и раководителот Ванчо Шахпаски. Тие изразија благодарност за професионалноста и одговорноста што овие храбри диспечери ја покажуваат, справувајќи се со секоја непредвидлива ситуација за никој да не остане без електрична енергија.

„Вашата работа е темелот на нашиот заеднички успех. Продолжете со истата посветеност и одговорност,“ порачаа директорите.

Посветеноста на диспечерите е пример за тоа како тивките херои го одржуваат светот поврзан, дури и кога сите други слават.

Среќна Нова Година на сите вработени кои ја одржуваат нашата мрежа силна и стабилна!

Continue Reading

Македонија

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година

Published

on

Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.

Кај машкитe деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.

Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11 694, и бележи намалување во однос на 2023 година.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА И БРЗАТА ПОМОШ

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на Новата година и претстојните празници, информираат од општина Битола.

Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.

Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и убави празници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк