Connect with us

Македонија

Министерството за правда дало негативно мислење за помилување на водачот на „Барон“ – Филков обвинува за подметнување „кукавичко јајце“

Министерството за правда дало негативно мислење за помилување на водачот на криминалната група „Барон“, Акиф Равманоскипознат како Акиф Јусуфи, дознава „Фокус“ од свои извори. Всушност Правда во последните две години има давано само негативни мислења за помилување на осуденици.

Комисијата при Министерството за правда е таа која дава мислење пред да одлучува Комисијата за помилување на претседателот и пред претседателот да ги потпише помилувањата.

По реакциите на јавноста  откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова го помилува Акиф, полицијата утрово го приведе само што излезе од „Идризово“ за пукањето што се случи пред десетина дена во Чаир.

За овој случај Министерството за внатрешни работи  поднесе кривични пријави, а Акиф беше еден од осомничените дека пукал кон член од групата Грчец.

Денеска со реакција во јавноста излезе и министерот за правда, Игор Филков кој откри дека мислењето од Министерството за правда било испратено уште во предизборниот период и со оглед на овој факт, Филков обвинува за злоупотреба на процесот на помилување за политичка битка.

Тоа значи дека мислењето од правда било испратено уште додека министер бил, Кренар Лога, кој сега е во опозициската ДУИ.

Сепак мислењето кое било испратено било негативно, без оглед што било испратено во негово време.

Во изјава за „Фокус“ Филков вели дека опозицијата подметнала „кукавичко јајце“ во процесот на помилување.

-Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време на предизборие, се добива впечатокот дека овој процес е злоупотребен. Воедно, и отворањето на детали од процедурата од опозицијата посочуваат токму на подметнување на кукавичко јајце во овој процес. Помилувањето е дел од системот за рехабилитација и ресоцијализација. Комисијата за помилување пред себе мора да ги има фактите за делото врз кое е донесена осудителната одлука како и пропратните документи без да биде наведено име, и одлуката би требало да ја носи професионално и со личниот и професионалниот кредибилитет, без надворешно мешање, вели Филков.

Иако мислењето од Правда било испратено уште пролетта во предизборниот период, сепак Комисијата за помилување кај претседателката одлучи деновиве, поточно на 21 октомври, па помилувањата беа дадени по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Во меѓу периодот додека беше донесена одлуката и потпишана од претседателката, Акиф Равманоски беше излезен од затворот „Идризово“ на работен ангажман и рани едно лице во Чаир.

Во затвор бил за нелегално поседување на оружје, а сега за него се бара притвор за пукањето во Чаир, иако со помилувањето требаше да излезе на условна слобода.

Извор: Фокус

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг