Connect with us

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Published

on

На своето телевизиско гостување на ТВ24 Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локални избори.
„Мислам дека нема потреба. Ова мнозинство и Влада е поддржана од 78 пратеници и нешто повеќе.“ е ставот на Изет Меџити.
Во оваа прилика вицепремиерот истакна дека ВЛЕН нема проблем со ЗНАМ во Владата, а доколку од ЗНАМ да се произнесат доколку сакаат друг партнер т.е. ДУИ. Во Владата има демократски капацитет и постојано се водат разговори за изнаоѓање решенија во интерес на граѓаните.

Македонија

„ДУИ нека провери КОЈ ГО СПАСИ ОСМАНИ ОД СУДСКА РАЗРЕШНИЦА“

Published

on

Коалицијата ВЛЕН бара од ДУИ да спроведе внатрепартиски ветинг врз нивниот член и екс-министер Бујар Османи. Бараат да се провери кој го спаси Османи од судска разрешница.

-Предметот кој го покрена СЈО против него мистериозно заврши без судска постапка! Кои се тие што го штитеа и зошто институциите молчат? Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата? На кого му должи Бујар за својата слобода, тоа треба да одговори ДУИ. При ветингот, нека провери како Османи се снаоѓа со својот непотизам. Во Министерството за надворешни работи кадрите не се избираа според професионални критериуми, туку според лични врски со Бујар Османи и неговиот другар Артан Груби. Вработени се пријатели, роднини и другари, а не стручните и квалификуваните кадри. ДУИ, при ветингот, нека ги провери и тендерите за партиските фирми кои ги доделуваше Бујар Османи.

Министерството за надворешни работи беше претворено во коруптивен центар при што доделени се милионски тендери на фирми блиски до ДУИ. Фирмите на неговите партиски колеги добиваа тендери со милионски суми за настани кои траеа само ден или два. Добро е ДУИ да пронајде каде завршуваа тие пари, стои меѓу другото во барањата на коалицијата составена од партиите БЕСА, Демократско движење и Алтернатива.

Вчера од ВЛЕН побараа и ветинг на Муса Џафери, за кој велат дека е најдобар пријател на екс-шефот на ДБК, Сашо Мијалков.

-Како е можно човек што беше десна рака на Ахмети и учествуваше во секој коруптивен проект да биде дел од наводното „прочистување“? Зошто неговите синови преку фирми блиски до власта добиваат милионски тендери? Како се отпишуваат долгови од милиони евра за фирмите блиски до Муса Џафери, прашаа меѓу другото од владеачката коалиција.

ДУИ пред неколку дена соопшти дека членовите на партиското раководство со потпишувањето на кодексот за добра практика и интегритет на ДУИ, прават значаен чекор кон зголемување на транспарентноста и интегритетот. Најавуваат внатрепартиски ветинг.

Continue Reading

Македонија

Сорос фрлале пари и за „шарената“ девојка која „спонтано“ се шминкаше пред штитот на полицаецот

Published

on

Новиот заменик директор на ФБИ Ден Бонџино во својата анализа посеветена на финансиите на фондацијата на Сорос во Македонија се осврнува на случувањата во перидот пред и по Шарената револуција.

Корисник на парите од Сорос била и девојката Јасмина Голубовска која стана позната по фотографијата од 2017 година на која се шминка пред штитот на полицецот за време на протестите.

Continue Reading

Македонија

Тројца малолетници со пиштол нападнале и ограбиле дете

Published

on

СВР Битола поднесе известување против двајца малолетници од Прилеп и еден малолетник од општина Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво’’.

На 31.01.2025 во Прилеп, пријавените физички нападнале друг малолетник и со закана со пиштол му одзеле личен накит.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк