Connect with us

Македонија

Министерот Филков не може да помилува затвореници, но смета дека е време за освежување на Комисијата за помилување

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков ја информира јавноста дека неговиот ресор не помилува затвореници, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа таа препорака оди кај претседателката на државата и Комисијата за помилување.

Филков истакна дека од Министерството има еден член во Комисијата и тој нема право на глас, односно не гласа.

-Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневно-политички игри и препукувања. Еднаш веќе осудени лица треба да ги упатиме на ресоцијализација, а не можеме повторно да ги судиме во јавноста. Не можам јас да побарам поништување на одлуката за помилување. Она што јас како министер сметам дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата, додаде министерот по одлуката за помилуваните лица.

Последните неколку дена во центарот на јавноста е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која помилуваше лица кои се поврзани со нарко кланови, екс-градоначалникот на Битола, како и првообвинетиот во случајот „Шпион“.

На 29-ти јули годинава, беше објавено дека Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. Како што соопштија од кабинетот на претседателката, за претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за нејзини членови се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

Филков смета дека е време за освежување на Комисијата за помилување

Македонија

Неочекуван пресврт: Балканот пред временска аномалија – температури до 25°C!

Published

on

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во следните десеттина дена територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја секако и нашата Република Македонија, ќе ја зафати временска анималија. Што значи тоа? Температурите ќе бидат невообичаено високи за почетокот на месец март, и тие ќе бидат повисоки за 6 до 8, а во делови од Балканот дури и за повеќе од 10 степени. Ова особено негативно се очекува да се одрази врз метеопатите, и тоа гледано врз здравствената состојба.

Температурите ќе бидат навистина пролетно високи, па на повеќе места ќе се искачуваат  и над 15 степени, па дури и до околу 20 степени. Во делови од Балканот максимумот на температурата во следните 6 до 10 денови ќе се искачува до дури околу 25 степени.

И понатаму ќе имаме стабилно и суво време, и ќе имаме многу сушен период, што значи дека во нашиот дел од Европскиот Континент ќе недостасуваат врнежите. За време на овој период, пораст ќе бележат и минималните утрински температури на воздухот.

Кај нас во Македонија во следните денови ќе имаме температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор Орбан.

По средбата, двајцата премиери одржаа прес-конференција на која Мицкоски посочи дека е потврдено високото ниво на односите кои што постојат помеѓу двете држави.

-Нашата стратешка цел како држава е да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна. Но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата во која беше пред 20 години, е бесценето – односно, цената е толку голема што не може да се утврди. Бидејќи зборуваме за билатеризација на процесот на преговори, а не на европеизација. Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен со голема поддршка од наша пријателска Унгарија и дека и ние како држава ќе почнеме да преговараме. Јас сум убеден дека многу скоро, доколку имаме можност да ги отпочнеме тие преговори на основа на вистински копенгхaшки критериуми, да ги завршиме успешно и да бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека со Орбан разговарале и за целокупната поддршка која што Македонија ја добива од унгарската влада, вклучувајќи ја и финансиската помош.

-Средствата кои што се користат за изградба на патишта, булевари, училишта, градинки. Практично, со тие средства ја модернизираме државата. Тоа што исто така е многу важно е дека на денешната владина седница стана збор за идна уште подлабока меѓудржавна соработка во делот на инфраструктурата, но исто така министрите меѓу себе, посебно министрите за внатрешни работи и за одбрана разговараа за идна можна воена соработка односно развивање уште подлабоко на воените индустрии на двете земји, а зошто да не вмрежување и настап на трети пазари, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Орбан во минатото многу пати покажал и докажал дека е човек со интегритет.

-Докажа дека е човек со свои ставови, дека неговиот збор планини тежи за што ја има мојата неизмерна почит како човек кој често со своето однесување знае да инспирира. Му честитам за резултатите во полето на економијата, инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции во Унгарија, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Државата во Македонија ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Published

on

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а трошокот ќе го покрие Фондот за здравствено осигурување. Клиниката за дигестивна хирургија е подготвена до крајот на месецот или на почетокот на следниот да почне со операции. За операција ќе бидат издвоени пациенти што веќе лекуваат дебелина во центрите за дебелина кај нас, но фармаколошкиот начин на лекување и промената на животниот стил не дале резултат. Огнен Костовски, директор на Клиниката за дигестивна хирургија, е благодарен што процедурите што ќе ги изведуваат се препознаени како процедури за отстранување заболувања, а не естетски, оти дебелината е болест.

„Имаме буџет за 30 пациенти, кои би биле за хируршко лекување, и 10 за експандирачка капсула. Кон крајот на овој месец или следниот би можел да најавам дека би почнале првите интервенции кои би биле на товар на Фондот за здравство. Сите пациенти би биле регрутирани преку центрите за дебелина. Тоа ќе бидат оние пациенти кај кои конзервативниот третман не дал резултат. Хируршкиот тим е комплетно подготвен. Имаме соработка со два центри, двајца наши хирурзи беа на обука на Малта. Имаме соработка со центарот за минимално инвазивна хирургија во Ниш. Првите интервенции на некој начин, пластично кажано, ќе бидат и со странска рака. Не дека ние го немаме искуството, вакви интервенции кај нас се вршени и претходно, со тоа што сега веќе ќе биде стандардизирање на процедурите“, вели Костовски и нагласува дека на ваков начин обезноста ќе се третира и кај нас како што се третира во светски рамки.

За намалување на проблемите со прекумерна дебелина, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека треба да почне да се работи во училиштата.

„Сметам дека мора да направиме исчекор во забрана на џанк-храна во школските згради и во школските дворови. Џанк-храна за мене се шеќерни производи, чипс и газирани производи со многу шеќер. Да се обидеме ужините и храната во училиштата, бидејќи тоа е времето кога се стекнуваат прехранбени навики, да имаат што повеќе свежи продукти и сè повеќе да говориме за проблемот бидејќи лесен пат нема“, рече директорот Клековски за кого на дебелината веќе не се гледа како на естетски проблем, туку здравствен.

Танер Хасан, директорот на Клиниката за ендокринологија, денес, на одбележувањето на Светскиот ден на обезност, рече дека за една и пол година, колку што постои Центарот за обезност во рамките на Клиниката, се направени речиси 2.000 прегледи, а во истиот центар во ГОБ „8 Септември“ има приближно 1.500 прегледи. Тој најави дека до мај ќе биде отворен центар за дебелина во Прилеп, а неопходно е да се отворат исти центри и во другите делови на внатрешноста на земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк