Connect with us

Европа

Полско радио ги замени сите новинари со вештачка интелигенција

Published

on

Станицата ОФФ од Краков соопшти дека „ова е прв експеримент во Полска со новинари кои се виртуелни ликови кои ги создаде вештачка интелигенција“.

Радиото соопшти дека креирале три аватари кои се така дизајнирани за со прилозите за културата, уметноста и општествените прашања, вклучувајќи ги проблемите на ЛГБТ заедницата, да допрат до младите слушатели, пренесува Асошиејтед прес.

„Дали вештачката интелигенција е повеќе прилика или закана за медиумите, радиото и новинарството? Ќе бараме одговори на тоа прашање“, кажа директорот на радиото Марќин Пулит.

Оваа промена предизвикала внимание во цела Полска откако новинарот и филмски критичар Матеуш Демски, кој до неодамна водел емисија на тоа радио, во отворено писмо изразил протест „поради замената на вработените со вештачка интелигенција“.

„Тоа е опасен преседан кој нè погодува сите“, напиша Демски, додавајќи дека тоа би можело да отвори врата „на свет во кој искусните вработени кои со години биле поврзани со медиумскиот сектор и луѓето вработени во креативната индустрија би можеле а бидат заменети со машини“.

Демски за АП кажа дека петицијата која ја иницирал до вчера наутро ја потпишале повеќе од 15.000 луѓе. Кажал дека примил повици од стотина луѓе, меѓу кои млади, кои не сакаат да бидат заморчиња во таков експеримент.

Демски работел во радиото ОФФ од февруари 2022 година, водејќи разговори со избегани Украинци, до август, кога бил отпуштен со уште десетина новинари. Кажал дека му е особено шокантно бидејќи радио-станицата делумно се финансира од парите на даночните обврзници.

Директорот Пулит, пак, тврди дека отпуштањето следело бидејќи слушаноста била „речиси нула“.

Министерот за дигитализација и заменик премиер Кжиштоф Гавковски изјави дека го прочитал писмото на Демски и дека е потребна законска рамка со која ќе се регулира вештачката интелигенција.

„Иако сум поддржувач на развојот на вештачката интелигенција, мислам дека сè повеќе и повеќе се преминуваат некои граници“, порача полскиот министер на платформата Икс.

„Широката примена на вештачката интелигенција мора да оди во корист на луѓето, а не против нив“, додаде Гавковски.

Европа

Радев: Бугарија не прифаќа промени на договорите со Македонија

Published

on

Бугарскиот претседател Румен Радев, на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во Минхен, порача дека Бугарија нема да прифати измени на досегашните договори со Северна Македонија.

Тој истакна дека европската интеграција на Западен Балкан е можност за зајакнување на стабилноста во регионот, но нагласи дека Северна Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година.

„Бугарија не поставува нови барања, но ниту прифаќа промени на веќе постигнатите договори, кои се дел од рамката за пристапните преговори“, рече Радев.

Continue Reading

Европа

Русите напaднаа топлана во Украина: 100.000 луѓе оставени без греење на минусни температури

Published

on

Рускиот напад на топлана во Миколаив во јужна Украина остави повеќе од 100.000 луѓе без греење, известија украинските власти.

“Ова е уште еден јасен доказ дека Русија води војна против нашиот народ и живот”, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.

Премиерот Денис Шмихал објави на Телеграм дека нападот кој се случил во текот на ноќта имал за цел да ги “остави луѓето без греење на температури под нулата, со цел да се предизвика хуманитарна катастрофа”.

Штетата не можела да се санира денес. Шмихал изјавил дека локалните власти воспоставиле 67 локации за греење на жителите.

Украинските власти соопштија и дека започнале со поставување на три мобилни топлави во здравствените домови.

Continue Reading

Европа

Германија се најде во сериозни проблеми, бара помош од Европската унија

Published

on

Дали санкциите кон Русија од страна на Европската Унија имаа некакви резултати?

Германија бара помош од ЕУ: Цените на гасот растат со голема брзина.

Германија ја повикува Европската Унија да ги опушти своите регулативи за складирање гас поради зголемената цена на овој енергент, соопшти Министерството за економски прашања и клима на Германија.

Тие цели, кои се воведени како одговор на прекинувањето со снабдувањето на гас предизвикан од војната во Украина, бара од сите земји членки на Европската Унија повторно да ги пополнат своите складишта до 90% од капацитетите до ноември, пренесе Ројтерс.

Германија реагираше откако референтните европски цени на гасот оваа недела пораснаа на највисоко ниво во две години.

“Би поддржале помалку екстремни барања за складирање, бидејќи поголемата флексибилност може да обезбеди притисокот за полнење на сите складишта со гас подеднакво да се намали и да се нормализира кога цените на пазарот ќе се стабилизираат”, изјави портпаролот на германското министерство за економски прашања и клима.

За ова прашање се разговараше и на состанокот на претставниците на земјите од ЕУ и ЕК.

Германија, која има најголеми складишни простори во Европската унија, како и други земји, вклучувајќи ја Франција, изразија загриженост за целите на Европската Унија, кои диктираат задолжително купување на гас по повисока цена.

Складиштата на гас во ЕУ оваа недела паднаа на помалку од половина, после студеното време и намалената руска испорака, покажуваат податоците на организацијата Gas Infrastructure Europe (GIE).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк