Connect with us

Македонија

Ванчо Узунов: Задолжувањата не носат економскиот раст

Published

on

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов ја критикува владата за отсуство на вистински развојни политики и структурни реформи. Според него, лошите прогнози на Светска банка и ММФ не се изненадувачки, особено кога Владата се фокусира само на кадровски промени и покачување на пензиите, наместо на реални економски мерки.

„Војната на Блискиот Исток и во Украина, заедно со рецесијата во Германија, несомнено влијаат врз нашата економија. Но, уште поголем проблем е што Македонија нема план за развој. Владата мора да се насочи кон структурни реформи, привлекување странски инвестиции и поддршка на домашното производство. Покачувањето на пензиите и задолжувањето од Унгарија не се мерки кои ќе го забрзаат економскиот раст,“ изјави Узунов.

Тој истакнува дека државата треба да се насочи кон инвестиции во иновации и технолошки развој, наместо да продолжува да дава субвенции за сектори кои немаат потенцијал за извоз.

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили

Published

on

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

– Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.

Извор: Независен.мк

Continue Reading

Македонија

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Published

on

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оценува дека природата овие денови направи Скопје да не е на врвот на листата на најзагадени градови. И ова според него, не е од денеска туку е од поодамна.

Меџити како што нагласи, сака повеќе да се занимава со причините отколку со последиците за овој случај.

„Главен фактор е тоа што индивидуалните домувања се греат на се и сешто, не по нивна вина туку дека досега не сме им овозможиле. Во овој дел сакаме да го вратиме проектот за гасификација и да го тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето. Второ да го субвенционираме централното греење, односно луѓето да почнат да се враќаат на централното греење бидејќи тоа е уште почисто од гасификацијата“, нагласи министерот за животна средина Меџити.

Според Меџити, главниот фактор за загадувањето во градот е урбаниот транспорт и затоа, како што најави, утре ќе се донираат шест електрични автобуси на Град Скопје односно на ЈСП, на кои како што потсети, деновиве Владата им помогна со позајмување на нафта за да бидат во функција.

„Деновиве разговараме и пред одлука сме Владата да купи 120 електрични автобуси кои ќе бидат доделени како донација на јавниот транспорт по општините, посебно во урбаните средини. Има одлука и акциски план од Владата од сите сектори се преземаат мерки, но јас сум повеќе за тоа да се елиминираат причините“, потенцира Меџити.

Continue Reading

Македонија

Се упокои владиката Тимотеј: Загуба за Македонската православна црква и верниот народ

Published

on

Со голема тага Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниот народ ја примија веста за упокојувањето на Неговото Високопреосвештенство, владиката Тимотеј.

Владиката Тимотеј остави длабока трага во животот на МПЦ-ОА, особено преку својата посветеност и неуморна работа во Дебарско-Кичевската Епархија. Неговото делување беше обележано со духовна сила, мудрост и залагање за развојот на Црквата.

„Утеха за нас верните е сознанието колку тој се вложи во изградбата на МПЦ-ОА и колку придонесе за нејзиниот напредок. Господ да го насели во Царството Негово кај светите и праведниците!“ – се вели во соопштението.

Верниците и Црквата ќе го паметат како духовен пастир кој остави неизбришлив белег во македонското православие. Вечнаја памјат, владико Тимотеј!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк