Connect with us

Македонија

Меџити му одговори на Ахмети: Албанците си го добиваат својот дел, ние ви ги исправаме вашите грешки

Published

on

Првиот вицепремиер Изет Меџити одговори на обвинувањата на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата ВЛЕН да излезе од владата.
Меџити ги отфрли овие изјави на Ахмети, велејќи дека Албанците од оваа влада си го добиваат својот дел.
„Албанците добиваат многу удел во буџетот на Република Северна Македонија. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се ВЛЕН, а се ДУИ. И да ги седнете без камери и искрено да разговарате, велат подобро ни било кога ДУИ е во опозиција отколку кога ДУИ била во Влада. Изненадени сме што немаме проекти толку колку што Владата обезбедува средства за реализација на конкретни проекти за граѓаните. Тоа е првпат една влада да не прави разлика како во минатото, кога Чаир и Тетово не добија ниту денар од буџетот на Македонија. Не држи констатацијата на г.Ахмети“, рече Меџити.

Македонија

За какви последици “пишува” Ахмети?

Published

on

Демократска унија за интеграција (ДУИ) информира дека претседателот на партијата, Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со одлукиte на Уставниот суд.

Од ДУИ велат дека писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија, како што велат, може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Од партијата велат дека писмото на Ахмети, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

„Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост“, се вели во писмото.

Се додава дека последните одлуки на Уставниот суд, се извршување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците.

Ахмети вчера испрати писмо и до претседателот и премиерот на Република Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, петседателката и премиерот на Република Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и Државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Во писмата Ахмети им пиша дека Охридскиот договор е загрозен и повика на заедничка акција.

Continue Reading

Македонија

Коњановски – Владата одобри за Општина Битола 3,7 милиони евра

Published

on

-Потпишав 16 договори за реализација на 16 проекти, за кои како резултат на нашата навремена проектна подготвеност, Владата одобри за општина Битола 3,7 милиони евра.

Ова е значајна поддршка за нашата општина со која ќе инвестираме во изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од речиси 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри. Проектите опфаќаат и поставување на ново улично осветлување, енергетски ефикасна фасада на едно основно училиште, изградба на Центар за спорт и рекреативни активности, како и за санација на јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“.

Веднаш, по потпишувањето на договорите, започнуваме со отпочнување на постапките за реализација на активностите на терен.

Добиената поддршка значи поголеми можности и повеќе инвестиции, затоа што покрај инвестирањето во овие проекти, веќе планираме и работиме на нови инвестиции од општинскиот буџет.

Делата ги потврдуваат промените за поубава Битола, објави градоначалникот Тони Коњановски.

Continue Reading

Македонија

Зошто некои работници добиваат само неколку илјади денари за К-15?

Published

on

Во Општиот колективен договор за стопанството е наведено дека работодавачите кои се соочуваат со потешкотии во работењето можат да исплатат регрес за годишен одмор во помал износ од оној утврден со колективниот договор. Многу работодавачи ја користат оваа недореченост и исплаќаат К-15 од само неколку илјади денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Оттаму истакнуваат дека секој работодавач и јавна институција мора да го исплати пропишаниот минимум за К-15, кој изнесува 11.000 денари за јавниот сектор и околу 16.800 денари за приватниот сектор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк