Connect with us

Балкан

Загриженост во Бугарија: Лидерите повикуваат на одзива на изборите

Сончево е, тревата е зелена, излезете да гласате, порача Борисов

Лидерот на „Вазраждане“ (Преродба), Костадин Костадинов гласаше во просторијата во која учел неговиот син од прво до четврто одделение.

„Гласав Бугарија да биде за пример, а не за потсмев“, изјави Костадинов. „Пред се, да не бидеме за потсмев во очите на сопствениот народ“, додаде тој.

Според него, лошото е што има катастрофално слаб одѕив на гласачите. Тој се обрати кон бугарскиот народ со зборовите: „Ако денес не излезете да гласате, ја убивате сопствената иднина, сопствената сегашност“.

Гласајте, многу е важно. Се додека не ги видиме резултатите, нема смисла да се погодува дали ќе има влада“, порача исто така поранешниот премиер Николај Денков откако го оствари своето избирачко право.

„Има различни социолошки истражувања, но верувам дека народот во Бугарија е разумен и дека заедно ќе го најдеме вистинскиот пат“, додаде тој.

Кирил Петков, лидерот на Промените продолжуваат,  гласаше машински, се надева дека Бугарија ќе оди  напред.

 „Политичката одговорност ја носат партиите кои се на првите места“, додаде тој.

Петков рече дека е импресиониран од 100-годишниот дедо Иван, кој му рекол дека не му е доста од гласањето и го повторил тоа затоа што тоа било во интерес на државата.

„Гласав за зголемување на приходите, за здравство без дополнителни плаќања, за продолжување на антикорупциската политика. Се надевам дека ќе има кабинет врз основа на формулата што ја предлагаме. Се надеваме дека Бугарија ќе оди право напред“, рече Петков.

„Гласањето го намалува товарот на купување гласови. Затоа, мислам дека денеска треба многу добро да размислиме, и секој бугарски граѓанин да оди да гласа. Се надевам и дека по изборите ќе имаме силна политичка влада – дали ќе се состои од неколку коалиции, за тоа ќе одлучуваат партиите што ќе влезат во парламентот“,о изјави потпретседателката Илијана Јотова..

„Да го видиме резултатот од изборите, кој ќе биде втора, трета политичка сила, верувам дека има можност за преговори и јасно дефинирана програма, а пред се силни луѓе – лидери. Кога едно општество треба да излезе од криза, му требаат силни лидери, а не луѓе кои допрва треба да ги знаеме кои се и што се“, рече Јотова.

„За време на оваа кампања посетив многу регионални градови и села. Луѓето сакаат влада, безбедност и стабилност. Не покажавме само што направивме, не кажавме само што ќе правиме, туку како ќе го направиме тоа“,  изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

„Во овој момент нека излезе народот да гласа, сончево е, тревата е зелена, одлично е да се игра. Пазете се од Гунди во последните секунди“, изјави Борисов. 

Advertisement

Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан како вложување во регионална стабилност

Грција ја гледа иднината на Западен Балкан во Европската унија и ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот, но под услов да се исполнуваат критериумите за членство, особено добрососедските односи и почитувањето на меѓународните договори. Според грчки владини извори, проширувањето на ЕУ се смета за инвестиција во безбедноста и стабилноста на регионот, но процесот е тежок и бара реформи и усогласување со пристапните предуслови.

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчките извори истакнуваат дека клучни теми ќе бидат и последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјите за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, како и прашања поврзани со гео-економијата и конкурентноста на ЕУ.

Continue Reading

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading

Балкан

25 килограми злато и 55 килограми сребро исчезнаа од судско депо

Истанбул – Во депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе исчезнале 25 килограми злато и 55 килограми сребро, чија вкупна вредност се проценува на над 147 милиони турски лири, или околу три милиони евра. Судските службеници на почетокот на месецот забележале дека еден од нивните колеги долго време е отсутен, по што било констатирано недостигот на благото.

Турското обвинителство веднаш започна истрага, при што е утврдено дека главниот осомничен за исчезнувањето заминал за Лондон, во придружба на неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Случајот ја разбуди јавноста во Турција, а властите продолжуваат со напори да ги пронајдат осомничените и да го повратат одземеното злато и сребро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг