Ужасен инцидент во Белград: Маж пукаше во синот и сопругата

Маж пукаше денеска во сопругата и во синот во станбената населба Бежаниска коса во Нов Белград.

Како што изјавија од српското МВР за Н1, околу 12 часот и триесет минути на пладне во куќата во споменатата населба повозрасен маж пукал од огнено оружје во синот и го ранил во стомакот.

Потоа пукал во сопругата и ја ранил во нога.

Младилот бил витално загрозен со повредна во стомакот. Опериран е и се наоѓа во стабилна состојба, потврдија за РТС во КБС Бежаниска коса.

Мајката има повреди на потколеницата и е згрижена ортопедски. Не е витално загрозена.