Connect with us

Македонија

Без струја утре Јегуновце, Теарце и други села известуваат од ЕВН (Вторник 29.10.2024)

Published

on

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ утре ќе започнат со важни работи на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа. За подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, одредени населени места припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во прилог ќе имаат прекин во снабдувањето. Со овие инвестиции, Електродистрибуција вложува во поефикасно и стабилно снабдување за иднината

ОДРИ, НЕРАШТЕ, ТЕАРЦЕ, ЈЕГУНОВЦЕ, РОГАЧЕВО, РАОТИНЦЕ, ГЛОЃИ, ВРАТНИЦА, ТУДЕНЦЕ, ПРЕЉУБИШТЕ, ЈАНЧИШТЕ, ДОБРОШТЕ, СЛАТИНА, ДОБРОШТЕ, НЕПРОШТЕНО, ПРШОВЦЕ, ЈАЖИНЦЕ, СТАРО СЕЛО, ЛЕШОК прекин од 09:30 до 11:30

Македонија

Во тек е координација за извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси

Published

on

Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека постапиле по пријавата за помош на лице во с. Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште.

Контактирани се ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.

-Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре. Истовремено, има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација, информираат од ЦУК.

РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.

Continue Reading

Македонија

Јанкуловска ослободена за предметот „Тврдина“

Published

on

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе пресуда за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување.

Екс-началникот на Петтата управа Горан Грујевски, шефот на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Тони Јакимовски, вработениот во УБК, Никола Бошковски, и Валентина Симоновска, беа прогласени за виновни, додека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беше ослободена од вина.

Грујевски, кој е во бегство, доби казна затвор од 14 години и шест месеци за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за фалсификување службена исправа.

Никола Бошковски, исто така вработен во УБК и во бегство, беше осуден на 9 години и 10 месеци затвор за истите обвиненија.

Јакимовски доби казна затвор од 3 години, додека Валентина Симоновска доби условна казна од 2 години, но условната казна нема да биде извршена доколку таа не стори ново кривично дело во рок од 5 години.

Во однос на Гордана Јанкулоска, судијата Илија Трпков истакна дека обвинението против неа не било докажано.

– Обвинетата Јанкулоска се ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не успеа да докаже надвор од разумно сомневање, дека го сторила делото за кое се обвинува – рече судијата.

Јанкулоска сега тужи во Граѓански суд и бара виновник за прислушувањето.

– Ако не во кривична постапка, се надеваме дека во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето и да се надомести нематеријалната штета која Гордана Јанкулоска ја има претрпено како една од најголемите жртви на прислушувањето – рече нејзиниот адвокат Влатко Илиевски.

Таа како министерка за внатрешни работи, немала информација дека била уништена опремата за прислушувањето, бидејќи кога стигнал извештајот – била еден ден пред заминувањето од позицијата.

Исто така, судот пресуди, Грујевски, Јакимовски и Бошковски да ја надоместат причинетата штета во износ од 87.422.668 денари.

Обврската за исплата мора да биде исполнета во рок од три месеци.

Пресудата е донесена по повеќегодишен судски процес што го привлече вниманието на јавноста поради сериозноста на обвиненијата и учеството на високи функционери во случајот.

Continue Reading

Македонија

ЕВН вработува во Тетово

Published

on

ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ ВО ТЕТОВО, КУМАНОВО И КИЧЕВО (М/Ж)
Работни задачи:

Исклучуванье и повторно вклучуванье на корисници на дистрибутивната мрежа
Отчитуванье на податоци од броила
Контрола на приклучоци и мерни места
Замена на броила на корисници Прием, обработка, чуванье, ажуриранье, средуванье на документациа
Помош при отстрануванье дефекти
Откриванье и приавуванье неправилности на електроенергетски обекти и броила
Потребни компетенции:


IV степен електротехничко образование – Енергетика
Возачка дозвола,
Одговорност
Тимска работа
Комуникативност
Флексибилност За предност ке се сметаат квалификации за работа под напон, стручен испит за ракуванье со енергетски уреди и
построки и компутерски познаваньа Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуциа, на jobs@evn.mk испратете куса биографиа и мотивационо писмо
надоцна до 21.01.2025. Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраканье на Вашата апликациа согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутациа и селекциа. Повеке информации околу
Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот
линк https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк