Connect with us

Македонија

Без струја утре следниве градови и села

Published

on

На 29.10.2024 (вторник), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе изведуваат значајни реконструкциски и модернизациски активности на дистрибутивната мрежа. За подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, дел од населените места припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) во листата во прилог ќе бидат без струја. Овие инвестиции се дел од заложбите на компанијата за посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија во иднина.

Македонија

Тошковски: Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година.

Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.

– Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица, подвлече Тошковски.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска Давкова во Април ќе патува во Софија на покана на Радев

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Април ќе патува во Софија на покана на претседателот Радев.

Македонската претседателка во Софија ќе учествува на Акаба Самитот кој заедно го организираат претседателот Радев и јорданскиот крал Абдула 2.

Оваа информација Сиљановска Давкова ја објави во интервју за Сител во средата.

“Набргу ќе се сретнеме сега во април бидејќи тукушто ме покани на т.н. процес AKAБA, тоа е процес за борба со тероризмот и екстремизмот, инициран од јорданскиот крал.

Значи одбрана група од претседатели, така пишува, одбрана група, се канат и во моментот кодомаќини се господин Радев и јорданскиот крал. Ние имаме усвоено Национална стратегија за борба со тероризмот и екстремизмот, и еве уште една причина да видиме што ќе правиме. Ние имаме, јас веќе имам неколку покани, и за одење и за доаѓање овде на претседатели на држави. Потврдени се, но може да се случат некогаш во последен момент”, изјави претседателката за Сител.

Денеска претседателот Радев објави дека имал телефонски разговор со Сиљановска Давкова.

Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји. 

,,Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција”, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев. 

Целото интервју на Сиљановска Давкова на Сител на овој линк 

Дали францускиот амбасадор во Будимпешта му забележа на Орбан за истото тоа што го стори Македонија, прашува претседателката

Continue Reading

Македонија

Конечно убави вести: Еве какво време не очекува од понеделник

Published

on

Доаѓа пролетта: Од понеделник стабилно време со температури и до 22 степени

Управата за хидрометеролошки работи најавува стабилно време од понеделник.

Утринските температури ќе бидат пониски, но дневните во пораст. Во четврток максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк