Connect with us

Македонија

Кога наплатата станува боречка вештина: Што тргна наопаку во тетовско?

Published

on

На 27.10.2024 во 13:05 часот во СВР Тетово Н.Д.(40) од тетовско Лавце, пријавил дека околу 12.00 часот, откако претходно телефонски се договориле, отишол кај куќата на Ш.Х. од истото село, за да ги земе парите што истиот му ги должел за извршени работи, но таму бил физички нападнат од Ш.Х.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Во периодот што следи ќе се стават во функција уште 10 км експресни патишта и 40 км автопат

Published

on

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје.

На Собранието, тој ја презентираше владината програма за развој на инфраструктурата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.

„Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во периодот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Исто така очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во месец февруари да започнеме со изградба и на автопатот Тетово – Гостивар, така да целиот западен дел на коридор 8 да се работи. Во делот на коридор 10 д, ставивме во функција еден дел од експресниот пат Прилеп – Градско, во следните два месеци очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопат Прилеп – Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола” истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на коридорот 10 се работи на проектирање на нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.

„Во делот на коридор 10 работиме на изнаоѓање на финансиски средства за изградба на брза пруга по целиот коридор како дел од европскиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа” – истакна вицепремиерот Николоски.

Во своето обраќање тој потенцира дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а во однос на брзиот транспорт на граничните премини додаде:

„Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти, исто така со Србија имаме интензивна комуникација да создадеме целосна функционалност со “One Stop Shop”, oчекувам до месец април со Косово да имаме “One Stop Shop”, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интензивно работиме на нивно проширување и модернизацијa”- истакна вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Македонија

Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник беснеел по улиците

Published

on

policija

Полицијата вчера го уапси 23-годишниот А.Љ. од Дебар кој на улицата „Јусуф Багери“ управувал со возило „мерцедес“ и не застанал на полициска патрола.

По преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски извори потврдуваат дека А.Љ. имал 2,52 промили алкохол во крвта.

Continue Reading

Македонија

Акција во Тетово: Запленета облека и чанти со фалсификувани брендови

Published

on

На 30.01.2025 во периодот од 14.00 до 16.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во шест продажни објекти на улиците „Борис Кидрич“, „Јане Сандански“, „133“ и „Илинденска“ поради основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ по член 285 од Кривичниот законик. При контролата биле пронајдени и одземени облека и чанти од познати и заштитени трговски брендови. По целосно  документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк